Џонатан Реа стигна до рекордна, петта, титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Џонатан Реа стигна до рекордна, петта, титула во Светскиот Супербајк шампионат благодарение на победата на последната трка во Мањикур.

На првите десет трки од сезоната Реа завршуваше на второто место. Сепак, возаот на Kawasaki беше трпелив и внимателно ја чекаше својата шанса. Тој победи на двете трки на патеката во Имола и не му дозволи на Баутиста да направи уште поголема разлика.  На втората трка во Херез, Баутиста излета надвор од патеката а слична судбина имаше и на трката во Мисано. Реа ја искористи предноста и стигна до тројна победа во Донингтон Парк и успеа да го преземе лидерското место на табелата.

Rea Magny Cours txt 30 09

Возачот на Aruba.it Racing Ducati потоа доживеа уште една несреќа откако на трката која се возеше во Лагуна Сека се судри со Торпак Разгатлиоглу. Поради повреда на рамото, тој не можеше да се бори за поени на трката која се возеше во САД.

Со двете победи и второто место на трката во Портимао, Реа уште повеќе се приближи до титулата. Патеката во Мањикур беше првата од трките на која актуелниот шампион ќе може и математички да ја завери новата титула. Голема помош имаше и од Турскиот возач Торпак Разгатлиоглу кој излета надвор од патеката во трката број два. Разгатлиоглу сосебе го повлече и Баутиста.

Реа не ја пропушти оваа можност и стигна до нова победа. Возачот кој доаѓа од Северна Ирска влезе во историјата како прв возач кој успеал да освои пет титули по ред во WSBK серијата.  Со оваа титула, Реа го надмина досегашниот рекорд на најмногу освоени трофеи кој го држеше Карл Фогарти, кој во деведесетите години од минатиот век освои четири титули.

Back To Top