Том Сајкс изјави дека е задоволен што два пати заврши меѓу првите пет возачи на рундата која се одржа на Филип Ајленд и додаде дека воопшто не се надевал дека ќе вози по страшната несреќа која ја доживеа на претсезонските тестирања.

 sykes-sepang-2013

Том Сајкс изјави дека е задоволен што два пати заврши меѓу првите пет возачи на рундата која се одржа на Филип Ајленд и додаде дека воопшто не се надевал дека ќе вози по страшната несреќа која ја доживеа на претсезонските тестирања.

Вицешампионот од 2012 година беше сметан за фаворит за победа, но тешката несреќа која му се случи за време на тестирањето на истата патека пред почетокот на сезоната го остави со фрактура на зглобот и помалку извозени километри во однос на неговите ривали.

И покрај тоа, возачот на Kawasaki заврши на четвртото место на квалификациите и успеа да го освои петтото место на двете трки.

Иако разочаран што не ја искористи целосно моќноста на неговиот Kawasaki ZX-10R,  Сајкс сепак беше задоволен што постигна два солидни резултати само една недела по несреќата.

Во првата трка, искрено, бев многу среќен што завршив меѓу првите пет возачи. Само жалам бидејќи имавме сила да бидеме малку подобри. Добро возев на почетокот на трката но во последните шест круга, пред да го поминам Хаслам, Дејвис изведе добро претекнување и веќе не можев да сторам ништо.

Неговиот стил е малку поинаков од оној што го имав јас подготвено за Ninja ZX-10R овој викенд. Кога јас бев позади него едноставно не можев да го направам токму она што го сакам. Сепак сум задоволен бидејќи бевме 5 секунди зад лидерот, а минатата година беа 12 секунди. Доста му се приближив во една од нашите најлоши трки, а покрај тоа бев и повреден.

Втората трка беше сосема поинаква, но среќен сум што си заминав од Филип Ајленд со освоена четврта позиција. Имав проблеми со задната гума и чувствував вибрации. Не можев да го искористам целиот потенцијал на моторот.

Среќен сум со оглед на тоа дека минатата недела лежев покрај патеката, 80% сигурен дека нема да можам да возам денеска. Освоивме важни поени и сега треба само да се надградуваме. 

изјави Сајкс

Следната рунда се вози на 14 април на патеката Арагон во Шпанија.

Back To Top