Времето кое го постигна Сајкс од 1:39.924, беше најбрзото во денот но и воопшто на целото тестирање.
Светскиот Супербајк Шампион за сезоната 2013, Том Сајкс остана најбрз и на вториот и последен ден од тестирањето во Херез. Давиде Џулијано заврши на второто место со заостанување од само една десетинка, а на третото место беше Дејвис. На четвртото место се најде Ники Хејдн кој оваа сезона ќе вози за Honda.
Условите на патеката претпладнето беа лоши, но попладне тие се подобрија и повеќето возачи успеаа да ги подобрат своите времиња. Времето кое го постигна Сајкс од 1:39.924, беше најбрзото денеска и воопшто на целото тестирање. Џулијано и Дејвис беа единствените двајца возачи кои успеаа да му се приближат. Џулијано доживеа и мала незгода но за среќа остана неповреден.
Дуото на Honda, Ники Хејдн и Мајкл Ван Дер Марк исто така го подобрија своето време и тоа за една секунда. Хејдн заврши на четвртото место, а неговиот тимски колега беше петти.
Возачот на Barni Racing, Чави Форес имаше импресивно возење и поголем дел од времето се наоѓаше во близина на врвот. Времето кое го постигна од 1:40.761 му го донесе шестото место.
Расположението кај Kawasaki остана на високо ниво после дводневното тестирање во Херез. Нивниот возач Сајкс и двата дена постигна најдобро време. Актуелниот шампион Реа и понатаму е убеден дека неговиот нов мотоцикл ќе биде најбрз со тек на време. Тој заврши на седмото место, а веднаш зад него се најдоа возачите на Pata Yamaha, Силвиан Гинтоли и Алекс Ловс. Австралиецот Џош Брукс заврши на десетото место. Британскиот Супербајк Шампион значително го подобри своето возење за разлика од вчера.
Најбрзиот WorldSSP возач повторно беше актуелниот шампион Софуоглу, а неговиот нов тимски колега Круменахер се уште му е најблизок ривал.