Скот Рединг вели дека единствена цел за време на неговата прва трка од WorldSBK серијата му е да докаже дека може да го победи возачот на Kawasaki.

Скот Рединг вели дека е целосно фокусиран на новата сезона и дека единствена цел му да го симне од тронот неговиот сонародник Џонатан Реа.

За Рединг ова ќе биде прва сезона во серијата откако минатата година ја освои титулата во Британскиот Супербајк шампионат. Во меѓувреме, Реа ќе се обиде да стигне до шестата титула по ред.

Сезоната која претстои може да биде една од најинтересните. А дебитантот Рединг планира да го повтори успехот на неговиот претходник Алваро Баутиста и дебитира со победа на трката во Австралија.

„Џони е еден од фаворитите со оглед на искуството кое го има стекнато во претходните години. Освои многу титули, тој е одличен и талентиран возач. “

„Ми се допаѓа како човек и одлично се сложуваме. Но кога ќе се најдеме на патеката секој гледа за себе. Мислам дека оваа година ќе имаме многу борби на патеката, а моја цел за оваа сезона е да се обидам да го победам.“

„Кога сте шампион, сите сакаат да ве победат. Работиме на тоа и се обидуваме да бидеме што е можно подобри на првата трка. Мислам дека борбата ќе почне уште од самиот старт на патеката на Филип Ајленд.“

Redding WSBK txt 12 02

Какви се шансите Скот Рединг да го победи Реа...?

Доколку се соберат сите работи, Рединг има голема шанса да стигне до победа уште на првата трка. Иако не можеше да се добие целосна слика за време на тестовите, резултатите на Рединг беа слични со оние на Топрак Разгатлиоглу, Алекс Ловс и Михаел ван дер Марк, тројцата возачи кои имаат шанси да го победат Реа.

Сепак, Рединг добро ја познава патеката на Филип Ајленд од времето кога настапуваше во MotoGP, а таа исто така таа одлично одговара на карактеристиките на Ducati Panigale V4 R кој има многу поголема максимална брзина во однос на Kawasaki ZX-10RR.

Но уште поинтересен е фактот дека Реа нема победено на патеката во Австралија уште од 2017 година.

Back To Top