Можно е турскиот шампион во WSBK да попушти под ($) притисокот и да си ја проба среќата во MotoGP уште во 2023 година.

toprak yamaha

Иако неколку пати ја одбиваше можноста да прејде во MotoGP, шампионот Toprak Razgatlioglu најавува поместување на плановите за тест на прототипот на Yamaha M1 за следната година. Тимот кој ќе му овозможи да се проба во најпрестижниот мото шампионат е RNF team, кој настана од остатоците на сателитскиот тим на Yamaha Petronas во кој ја заврши кариерата Valentino Rossi. Што се сменило? Ако до вчера Турчинот тврдеше дека се наоѓа во средина која му одговара идеално на неговиот карактер и стил на живеење, и дека барем следните 2 години не планира напуштање на WSBK, тогаш што ја испровоцира промената? 

Веројатно по освојувањето на титулата, се намали притисокот и дојде до зголемување на апетитите како и потрагата по нов предизвик. Ако на сето ова ги додадеме и гласините дека новиот шампион во MotoGP Fabio Quartararo побарал огромна сума за продолжување на договорот со Yamaha за сезоната 2023, се добива нешто појасна слика. Franco Morbidelli е другиот возач во фабричкиот тим на Yamaha и е ланскиот вице шампион, но по повредата не знаеме кога и дали ќе се врати на првобитната форма, па не чуди обидот за пронаоѓање на нов возач кој може да победува. Dovi е сепак на крајот од кариерата и прашање е дали ќе воопшто може да дојде до некој подиум покрај силната млада возачка генерација во MotoGP. Darryn Binder е непознаница во моментов.

Но да одиме чекор по чекор. Нека помине прво тестот во кој ќе му помогне британската легенда Cal Crutchlow, па ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.

Back To Top