Откако Чез Дејвис направи грешка, Џонатан Реа успеа да стигне до втората WorldSBK победа во текот на викендот.

Џонатан Реа успеа да стигне до својата втора победа во Светскиот Супербајк шампионат. Возачот кој доаѓа од Ирска, доминираше на првата трка. На втората трка, откако успеа да го преземе водството кон крајот на првиот круг, тој до самиот крај на трката не беше предизвикан од ниту еден возач.

Можеби Реа ќе имаше тешка задача да дојде до првото место доколку Чез Дејвис, кој стартуваше од пол позицијата, не направеше грешка. Дејвис потоа се најде на третото место веднаш зад неговиот тимски колега, Алваро Баутиста. На крајот тој успеа да дојде до второто место но Реа веќе беше далеку напред.

Rea Imolla txt 14 05

Со оваа победа Реа ја намали предноста која ја има Баутиста. Шпанецот имаше проблеми поради погрешниот избор на пневматици и на крајот заврши на третата позиција.

Сличен проблем имаше и Торпак Разгатлиоглу. Иако во еден момент тој беше на четвртото место, лошиот избор на гуми кон крајот на трката го примора да падне неколку позиции подолу. Ова пак им овозможи на Мајкл ван дер Марк, Алекс Ловс и Леон Хаслам да ги освојат четвртото, петото и шестото место.

Турчинот успеа да ја задржи седмата позиција а веднаш зад него беше возачот на BMW, Том Сајкс кој за десет круга успеа да претекне десет возачи.

Жорди Торес и Маркус Рајтенбергер ги заокружија првите десет места. Томи Бридвел, чија што самодоверба со Go Eleven Ducati од ден во ден расте се повеќе, успеа од шестнаесетото место да дојде до единаесетата позиција во пресрет на последната трка.

Back To Top