Топрак Разгатлиоглу влезе во боксот во својот препознатлив стил, но овојпат малку недостасуваше во него да удри Михаел ван дер Марк.

Турскиот возач стана препознатлив по одличното „стопи“ (агресивно кочење со предното тркало и возење) кое доби милиони споделувања на социјалните мрежи.

toprak yamaha

Откако помина две сезони возејќи приватно Кавасаки, Топрак забележа одлични резултати па го привлече вниманието на Јамаха. Од оваа сезона тој ќе вози фабички Јамаха мотоцикл за тимот на Crescent Racing каде тимски колега му е Михаел ван дер Марк.

Иако секој возач сака да биде подобар од својот клубски колега, првото правило во секој тим е да внимавате да не ги „соберете“, посебно не пред очите на тимскиот шеф. Топрак за малку ќе го стореше токму тоа, иако мораме да признаеме дека влезот во боксот беше ремек дело, сепак тој мора да внимава на начинот на кој застанува. Не би сакале да престане да го прави ова, но сепак ќе мора да „фрли“ поглед преку рамо следниот пат ;)

Back To Top