Том Сајкс е насочен кон враќање на подиумоот на втората трка од Светскиот Супербајк Шампионат во Арагон

Том Сајкс е насочен кон враќање на подиумоот на втората трка од Светскиот Супербајк Шампионат во Арагон, Том Сајкс со нетрпение ја очекува втората трка од шампионатот откако изјави дека дека се чувствува “среќен” поради брзото закрепнување од повредата.

Британецот доживеа повреди на зглобот и ребрата на првата трка која се одржа на островот Филип во Фебруари, но продолжениот одмор помеѓу двете трки му овозможи целосно да закрепне.

sykes-aragon

Откако вежбаше со Kawasaki ZX-10R за време на приватниот тест минатата недела,и на кој беше најбрз, Сајкс сега сака да продолжи да вози во ист стил.

“Тестирањето во Арагон минатата недела беше многу важно и сега треба да видиме со какви гуми располагаме за трката.Беше добро да се излезе и да се вози на патеката. Единственото за што не бев сигурен пред тоа беше мојата физичка состојба.”

tom-sykes-losa

“Сега се чувствувам посреќен бидејќи мојот зглоб е многу подобар.Со нетрпение ја очекувам трката овој викенд бидејќи она што го пробавме на тестот се покажа како позитивно.”

Минатата година на трката во Арагон, Сајкс стартуваше од првата позиција но сепак на крајот заврши на осмото место. Тој освои две петти места на трката на островот  Филип.

Back To Top