Иако многумина очекуваа да има прооблеми  Алваро Баутиста на стартот од новата сезона, Шпанецот изненади со тоа колку бргу се прилагоди на новата машина откако го имаше своето деби на новиот Panigale V4 R за време на тестот кој се оддржа во Херез оваа недела.

Баутиста го заврши првиот ден со новиот мотоцикл само 0.3 секунди побавен од четири кратниот Светски шампион Џонатан Реа. За време на вториот ден од тестовите, иако два пати падна од кој едниот не беше по негова вина, тој беше само за 1,1 секунда побавен од најдобриот возач.

„Овој мотоцикл е многу поразличен отколку MotoGP мотоциклот“, изјави тој. „Прво, моторот има многу помала моќност, особено на правите делови, и прво си помислив дека нешто не е во ред! Но не, моторот е таков.“

bautista wsbk

„Карактерот на овој мотоцикл е многу сличен со оној од MotoGP со таа разлика што има помала моќност. Мотоциклот треба да го возите како да припаѓа на класата од 250cc. Треба да бидете помалку агресивен со гаста бидејќи ако притиснете премногу тој ќе почне да се тресе. Треба да внимавате на ова за мотоциклот да биде стабилен. Малку е различен но ми се допаѓа бидејќи ме потсетува на мотоциклите од класата до 250cc, со таа разлика што има помала моќност. Поради ова морав малку да го променам мојот стил на возење. Кога бев дел од класата 250cc, бев навистина брз и не ми е проблем да го прилагодам мојот стил.“

„Ова беше позитивен старт на мојата кариера во WorldSBK. Добро е кога вака ќе почнете, во споредба со минатаа година кога имавме многу проблеми и кога не се чувствував добро на мотоциклот.“

Back To Top