WSBK

WSB: Лагуна Сека се враќа на календарот следната година, повеќе ја нема трката во Киалами

Откако првично беше откажана, трката во Лагуна Сека се враќа на календарот за сезоната 2019. Првите луѓе на патеката не можеа да ја договорат датата за оддржување на трката со претставниците на Dorna, кој сакаа настанот да се оддржи во Август, односно истиот викенд кога на патеката ќе се оддржи трка со автомобили. Сега е договорено оваа трка да се оддржи викендот од  12-ти до 14 Јули.

Следете нè на:

 

Имаше најави и дека патеката Киалами во Јужна Африка, на која не се оддржувале трки од оваа серија уште од 2010 година, ќе биде повторно домаќин на тимовите од WSB серијата, но откако стигна и официјалниот календар, се чини дека трката повторно е откажана.  

Со промената, Американската трка ќе следува веднаш по трката во Донингтон Парк. Ова би можело да биде голем предизвик за тимовите кои за само неколку дена ќе треба да се префрлат од Велика Британија во Калифорнија.

Календар за трките во Светскиот Супербајк шампионат 2019

22-24 Фебруари – Phillip Island Grand Prix Circuit, Австралија

15-17 Март – Chang International Circuit, Тајланд

5-7 Април – Motorland Aragon, Шпанија

12-14 Април – TT Circuit Assen, Холандија

10-12 Мај– Autodromo Internazionale Enzo e Dino Ferrari di Imola, Италија

wsb laguna 1

7-9 Јуни – Circuito de Jerez Angel Nieto, Шпанија

21-23 Јуни– Misano World Circuit Marco Simoncelli, Италија

5-7 Јули – Donington Park, Велика Британија

12-14 Јули – WeatherTech Raceway Laguna Seca, САД

6-8 Септември – Autodromo Internacional do Algarve, Portimao, Португалија

27-29 Септември – Circuit de Nevers Magny Cours, Франција

11-13 Октомври – Circuit San Juan Villicum, Аргентина

24-26 Октомври – Losail International Circuit, Катар

Би можело да ве интересира

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.