Јуџин Лаверти доби шанса во сезоната 2019 година да му се приклучи на тимот Go Eleven Ducati кој е дел од Светскиот Супербајк шампионат.

Возачот кој доаѓа од Северна Ирска остана без екипа откако новиот фабрички тим, кој ќе има поддршка од BMW, се одлучи да им даде шанса на Светскиот Супербајк шампион од сезоната 2013, Том Сајкс како и актуелниот шампион во серијата Superstock 1000, Маркус Рајтенберг. Лаверти не успеа да дојде ниту до местото во новиот тим кој има поддршка од HRC, а кои пак се одлучија за Риучи Кијонари и Леон Камиер.

Laverty 1

Ова го остави Лавери надвор од игра но во последен момент тој доби покана од тимот Go Eleven, кој во следната сезона наместо со Kawasaki ќе настапува со мотоцикл на Ducati. Со ова Лаверти ќе има можност да го вози новиот V4 R.

„Изминативе пет недели беа навистина стресни и затоа сум навистина среќен што успеав да обезбедам место во еден компетитивен тим“, вели Лаверти.

„Главна улога во тоа имаше поддршката од Ducati и навистина верувам дека ќе имаме мотоцикл со кој ќе можеме да се бориме за победи следната сезона.“

Back To Top