WSBK

WSB: Меландри ги охрабрува возачите да зборуваат повеќе

Марко Меландри смета дека неговите колеги воопшто не се грижаат и не сугерираат никакви работи кои би донеле позитивни промени на Светскиот Супербајк шампионат .

Следете нè на:

 

За прв пат во 2019 година за време на тркачкиот викенд ќе имаме три трки. Покрај стандардните трки во сабота и недела ќе има уште една трка наречена „Tissot Superpole Race“ . Таа ќе има десет круга и ќе се оддржи во сабота наутро.

Првите девет најдобри возачи ќе ја стартуваат и главната трка по тој редослед. За останатите возачи ќе важат резултатите од квалификациите. Иако Меландри ја поддржува оваа трка, вели дека многу посерозно би се зеле во предвид мислењата на возачите доколку тие имаат заеднички став.

„Ми се допаѓа трката и доколку таа го зголеми спектаклот, тогаш е добредојдена“, вели Меландри. „Она што не ми се допаѓа е дека освојуваме поени за време на квалификациска сесија. Според мене, тоа не е во ред. Ако сакате да доделите поени, тогаш дадете бонус. Во спротивно, нема бонус и нема поени.“

Melandri Txt 28 01

Трката ќе им донесе поени на првите девет возачи по следниов распоред: 12-9-7-6-5-4-3-2-1. На прашањето дали сериозно се зема во предвид мислењето на возачите, Меландри вели дека тоа не е така. Смета дека Dorna ќе ги сфати сериозно само доколку возачите се здружат и испратат заедничка идеја.

„Возачите воопшто не се грижат“, смета 36 годишниот натпреварувач кој е и најстар на патеката. „Неколку пати се имам обидено да разговарам со нив околу нешто вакво но само Џонатан Реа беше заинтересиран. Некои возачи се заинтересирани кога детално ќе им објаснам , но на крајот останува само на тоа.  Никој не сака да го искаже своето мислење.“

Во својата досегашна кариера, Меландри има настапено на 151 трка од Светскиот Супербајк шампионат. Има 22 победи и 72 пати се искачи на подиумот. Во 2002 година беше Гран При шампион во класата од 250cc.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.