Јуџин Лаверти и екипата на Milwaukee Aprilia успеаа да постигнат напредок на последниот Европски претсезонски тест пред да заминат на Филип Ајленд за стартот на новата сезона од Светскиот Супербајк Шампионат.

Јуџин Лаверти и екипата на Milwaukee Aprilia успеаа да постигнат напредок на последниот Европски претсезонски тест пред да заминат на Филип Ајленд за стартот на новата сезона од Светскиот Супербајк Шампионат.

LavertyPortimao

Лаверти немаше среќа на првиот тест оваа година кој се оддржа на патеката во Херез, а на кој заврши на тринаесетото место со заостанување од две секунди зад лидерот Џонатан Реа. Сепак, на патеката во Портимао, тимот успеа да ги реши проблемите кој ги имаше Ирскиот возач и на крајот тој успеа да го постигне второто најдобро време и се најде веднаш зад возачот на Ducati, Чез Дејвис.

„Во Портимао постигнавме голем напредок,“ изјави Лаверти. „Во саботата имав голем напредок но и покрај тоа имав мали проблеми со мотоциклот. Во неделата успеав да извозам многу кругови и повторно ми се врати старото чувство на мотоциклот. Се чувствував удобно и мислам дека сега можам да се натпреварувам со него. Ова беа многу продуктивни два дена, многу подобри од Херез и успеавме да решиме некои од проблемите што ги имав.“

Лаверти и неговиот тим сега заминуваат кон Австралија каде ќе се оддржи последниот претсезонски тест на островот Филип, само неколку дена пред официјалниот старт на сезоната.

„Се чувствувам самоуверено пред првата трка на Филип Ајленд. Поставивме добра основа и целиот тим работи навистина добро. Оваа патека ми е една од омилените и мислам дека имаме шанса да постигнеме добар резултат.“

Back To Top