Возејќи го мотоциклот на Honda на истиот начин како што тоа го правеше и со MV, 31 годишниот Камиер дополнително го зациментира своето место како одличен развоен возач кој во исто време е брз и конзистентен. Стартот кој го имаше од првиот ред со новиот Fireblade CBR1000RR е најдобриот резултат кој го постигна Honda откако во 2016 година Ники Хејден стартуваше од втората позиција на трката во Лосаил.
После добриот викенд, Британецот имаше за цел место на подиумот но откри дека сѐ уште не може да ги достигне неговите ривали, особено на правите делови од патеката.
„Со оглед на тоа дека имавме добра стартна позиција, си помислив дека сега ни е шансата за победа“, вели Камиер. „Влегувањето во свиок и сопирањето беа одлични, а исто така и шасијата добро функционираше. Но сепак имаме проблеми на правецот. Ќе биде добро доколку се изедначиме со другите тимови но во моментов ситуацијата е поинаква.“
И покрај најавената употреба на „Magneti Marelli“ електрониката, тимот Тен Кате продолжува да го употребува „Cosworth ECU“. Според информациите, тимот ќе продолжи со него и на трките во Арагон и Асен. Неодамна во Монтебланко тестираа со „Mirelli“, а уште еден тест е закажан за во Асен. Откако ќе биде воведена промената, очекувајте малку послаби перформанси со оглед на тоа дека на инжинерите ќе им треба време за да научат како функционира новиот систем и како да го применат на мотоциклот.
Би можело да ве интересира
Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.
X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.
Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.
Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.
Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.
Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.