Џонатан Реа вели дека нема да размислува на никакви бодовни калкулации на патеката во Франција

Џонатан Реа вели дека нема да размислува на никакви калкулации за време на трката во Франција.

Возачот на Kawasaki има предност од 47 бодови пред најблискиот ривал, Том Сајкс, најмногу благодарение на победата која ја оствари на втората трка која се возеше на патеката Лаусицринг.

На шест трки до крајот на сезоната, Реа би можел да ја освои титулата уште на престојната трка, но тој вели дека не размилува да го промени својот пристап.

PA2025840.0008

„Секако дека во овој момент од годината размислувам за разликата, но не сакам да дозволам тоа да влијае на моето возење. Добро знаеме дека многу лесно можат да се загубат поени,“ изјави Реа.

„Задоволен сум и имам самодоверба во мотоциклот а исто така имаме и многу податоци од патеката. Знаеме што функционира таму, имаме добра база и ќе работиме чекор по чекор во текот на викендот.“

„Победата на влажната трка на патеката во Германија беше одличен начин да го завршиме викендот. Со нетрпение ја очекувам следната трка бидејќи имам постигнато добри резултати таму. Имаме предност, но тоа не е доволно за да се опуштиме, затоа мораме да останеме концентрирани и да освоиме најмногу поени што можеме во Франција.“

Реа ќе може да ја освои титулата уште овој викенд  доколку успее да освои 3 поени повеќе од Чез Дејвис.

И покрај тоа што имаше проблеми во текот на летото, Реа сепак се наоѓа во подобра форма од останатие возачи и на последните четири трки тој постигна четири победи.

Back To Top