Словенскиот производител на издуви за мотоцикли „Akrapovic“ потпиша партнерски договор со „Ducati Corse“ тимот во Супербајк шампионатот.

ducati akrapovic

Словенскиот производител на издуви за мотоцикли „Akrapovic“ потпиша партнерски договор со „Ducati Corse“ тимот во Супербајк шампионатот.

Aruba.it Racing кој всушност е фабрички тим на Дукати во Светскиот Супербајк шампионат, а за кој во 2015 настапуваат Чаз Дејвис и Давиде Џулијано ќе ја има поддршката од Акрапович. На денешната презентација на тимот во Италија беа присутни и гостите од фабриката на Акрапович кои за новото Ducati Panigale R подготвија специјален издув изработен од титаниум. 

Акрапович беше технички партнер на Дукати и во подготвителниот период, а од сега и официјално двете компании ќе соработуваат со цел да се добие издув кој ќе му овозможи на Дукати да го искористи максимумот од мотоциклот. 

akrap ducati

Новиот издув е изработен само за Ducati Panigale R според најновата технологија, а благодарение на соработката на инженерите од Италија и Словенија новиот издув е во согласност со правилата на WSBK за 2015 година. Како што изјавија на прес конференцијата, шефот на Ducati Corse тимот и извршниот директор на Акрапович, ова е само продлабочување на соработката која двете компании ја имаат и која во иднина треба да донесе успех како за тркачкиот тим, така и за производителот на издуви.

akrap ducati 2

Back To Top