Чез Дејвис ја оствари својата трета, двојна победа оваа сезона и успеа да ја искористи борбата меѓу возачите на Kawasaki.

Чез Дејвис ја оствари својата трета, двојна победа оваа сезона и успеа да ја искористи борбата меѓу возачите на Kawasaki. Џонатан Реа успеа да се одбрани од нападите на Том Сајкс и се доближи до освојување на титулата за сезоната 2016.

Возачот на Aruba.it Racing Ducati успеа да ја оствари својата седма победа оваа сезона и покрај одличниот старт што го имаше возачот на Kawasaki, Том Сајкс.

chaz davies

Возачот од Јоркшир успеа да постигне и нов рекорд на патеката во Франција (1м 37.864с), но сепак не можеше да се одвои од тимскиот колега Реа и од Дејвис во почетните кругови.

На петиот свиок, Реа се обиде да го претекне од внатре, но бидејќи премногу доцна ги притисна сопирачките, тој го истурка Сајкс надвор од линијата. Ова му остави можност на Дејвис да ги претекне обајцата и да избие на првото место.

Велшкиот возач успеа да ги одбие нападите на Реа и на крајот заврши со предност од две секунди.

Со освоеното второ место, Реа ја зголеми предноста во шампионатот на 48 поени. Том Сајкс заврши како трето пласиран.

Леон Камиер уште еднаш имаше добра трка на својот MV Agusta и го освои четвртото место, а возачот на Honda, Михаел ван дер Марк, заврши како петти.

Лоренцо Савадори продолжува да импресионира на IodaRacing Aprilia. На крајот на трката тој го освои шестото место . На седмото место се најде Жорди Торес кој во интересна битка успеа да го победи Силвиан Џинтоли.

Ники Хејдн, кој мораше да се повлече во првата трка, на крајот на викендот се најде на деветото место а возачот на Barni Ducati, Чави Форес, беше десетти.

Возачот на Milwaukee BMW, Џош Брукс, беше единаесетти а Маркус Рајтенбергер, Роман Рамос, Алекс де Анџелис и Метју Лагриве ги освоија останатите места кои носат поени.  

Back To Top