Чез Дејвис вели дека тој и неговиот тим ќе продолжат да даваат сè од себе за да го извлечат најдоброто од Panigale R на патеката во Асен.

Велшанецот доминираше на трката во Шпанија каде што оствари две победи. Тие му помогнаа да се искачи на второто место во генералниот пласман и да ја намали предноста во однос на лидерот Џонатан Реа на 26 поени.

Дејвис верува дека енергијата од Арагон мора да се пренесе и во четвртата трка која ќе се оддржи на патеката во Асен.

chaz davies pobeda

„Заминуваме во Асен полни со самодоверба, не само поради резултатите што ги постигнавме туку и поради начинот на кој работеше мотоциклот. Ми се допаѓа патеката во Асен. Таа е комплетно различна од Арагон и тоа ќе ни помогне да видиме до каде сме со техничките подобрувања,“ изјави Дејвис.

Дејвис веќе има една победа на оваа патека во 2011 година но во Суперспорт серијата. Минатата година тој два пати заврши на второто место на оваа патека. Сепак, Дејвис смета дека благодарение на подобрувањата на мотоциклот ќе може да го предизвила Реа, кој тука постигна две победи минатата сезона.

„Минатата сезона два пати завршивме на второто место но се боревме се до крајот на трката. Оттогаш мотоциклот постигна голем напредок особено во однос на електорниката и шасијата. Со нетрпение ја очекувам новата борба со моите ривали,“ изјави Дејвис.

Back To Top