WSBK

WSBK Холандија: Двојна победа за Реа на патеката во Асен

Џонатан Реа е пресреќен што успеа да ја продолжи доминацијата во Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа е пресреќен што успеа да ја продолжи доминацијата во Светскиот Супербајк шампионат откако ја оствари својата трета двојна победа во сезоната.

Актуелниот шампион во втората трка успеа да му избега на својот тимски колега Том Сајкс за само 0.025 секунди и ја оствари својата седма победа по ред на легендарната патека во Холандија.

C qOdWcW0AAqrbZ

Реа, кој имаше најбрз круг на две трки, мораше да стартува од вториот ред поради казната која ја доби заради тоа што го блокираше Чез Дејвис на квалификациите. Реа не стигна лесно до победата и мораше да се бори за неа откако беше турнат надвор од патеката кај свиокот број 11.

„Трката може да се подели на два дела,“ изјави Реа. „Во првата половина притискав силно се додека не добив опомена, а во вториот дел се обидов да возам безбедно и да стигнам до целта. Денес најголемиот проблем беше ветерот. Правев разлика но тогаш се лизнав на свиокот 11. Тогаш се решив да возам малку побезбедно и да притиснам во последните неколку кругови.  На истото место имав проблеми и на крајот на трката. Можеби не влегов најдобро во последниот свиок но успеав да се заштитам и на крајот ја минав целната линија.“

PA2141793.0008  

„Ова беше неверојатен викенд. Задоволен сум од времето кое го постигнав вчера бидејќи тоа ми е најдобро во кариерата. Горд сум поради тоа.“

После четири трки, Реа има предност од 64 поени пред неговиот најблизок ривал, Том Сајкс. Ова за него беше 200-ти настап во шампионатот и досега има постигнато 45 победи од кои 11 на патеката во Асен. Рекордер по бројот на победи на оваа патека е Карл Фогерти со 12 победи.

Ова за Реа исто така беше и 12-та двојна победа.

Доказ за неговата доминација оваа сезона е фактот дека тој досега загуби само 5 поени.

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.