Според германскиот веб сајт Speedweek.de наместо Супербајк трките кои требаше да се одржат од 2-4 август на патеката Силверстоун во Англија, ќе имаме можност да следиме трки на Истанбул Парк во Турција.

silverstone

Според германскиот веб сајт Speedweek.de наместо Супербајк трките кои требаше да се одржат од 2-4 август на патеката Силверстоун во Англија, ќе имаме можност да следиме трки на Истанбул Парк во Турција.

Веб сајтот како причина за ова ги наведува финансиските проблеми со кои се соочува патеката во Англија, а од друга страна Истанбул Парк има нов сопственик кој се обидува да го врати сјајот на турската патека. Новиот сопственик се труди да ја стави Истанбул Парк и во календарот на МотоГП, а Супербајк трка би била одличен почеток за тоа. Заради овие промени годинава нема да имаме прилика да следиме трки и од Источно-Европскиот шампионат кој минатата година се возеше на одличната патека.

Ова не е единствената промена во Супербајк шампионатот кој започнува утре со трките на Филип Ајленд. Рундата која требаше да се вози на 23 јуни, а за која требаше дополнително да се утврди локацијата, има проблеми со патеката во Австрија па неизвесно е дали и каде ќе се одржи. Од друга страна втората проблематична патека, онаа во Индија, конечно доби зелено светло да се вози во ноември.

Шпекулациите за промената на Силверстоун ги започна британската компанија „Benetts“ која е и спонзор во Супербајк шампионатот, а која објави дека наместо Силверстоун во 2014 ќе се вози Истанбул Парк, но промената е можна и оваа година. 

Официјалните лица не ја негираат можноста, но најавија конечна разврска во текот на следната недела. Доколку се одлучи трката да се вози на Истанбул Парк, ќе биде тоа одлична можност за македонските моторџии да присуствуваат на спектакуларните трки.

Back To Top