Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат денеска потврдија дека распоредот за викенд ќе се промени и дека една трка ќе се вози во сабота попладне.

Квалификациите ќе се оддржат во Сабота претпладне, во 10 и 30 часот, а главната трка ќе почне во 13 часот. Втората трка во Недела ќе се вози исто така во 13 часот. Трките од Светскиот Суперспорт шампионат, ќе го имаат истиот квалификациски распоред со тоа што трката во Сабота ќе започне во 11 и 30, а трката во Недела во 11 и 20.

Третата тест сесија нема веќе да носи учество во Superpole, а четвртиот слободен тест е целосно укинат.

„После позитивните повратни информации што ги добивме од Светските SBK промотери, патеките, производителите и спонзорите, DWO неуморно работеше да создаде нов, променет викенд распоред на трките. Традиционалната трка која се оддржуваше во недела наутро, сега ќе се оддржува во сабота попладне. Ова е направено со цел фановите да имаат целосно и возбудливо мото искуство, почнувајќи од петок наутро па се до недела попладне,“ изјави портпаролот на FIM.

wsbk istanbul 2013 22

„Со овој нов формат, саботата е наменета за да зголеми присуството на фановите и особено можноста да се осети адреналинот кој го носи ова натпреварување. Како додаток на ова, организаторите и спонзорите ќе можат да понудат поголем избор на специјални настани, овозможувајќи им притоа на фановите да уживаат како на трката така и надвор од неа.“

„Овие промени ќе им овозможат на фановите да бидат поблиску до акцијата. Со поголема флексибилност на распоредот, секој фан ќе може да ужива во трките без разлика дали е дома или на трибините. Возачите и тимовите ќе имаат повеќе слободно време, а исто така новите промени ќе им овозможат на организаторите да дизајнираат посебни активности за секој настан.“

Back To Top