Мотул Супербајк шампионатот полека со доближува до завршната фаза. Викендов се возеше деветтата од вкупно 13 рунди, секоја со по две трки. Легендарната патека Лагуна Сека во САД беше домаќин на возбудливи трки, кои ни ја донесоа осмата 1-2 победа за Кавасаки во првата трка како и подиум за домашниот возач Ники Хејден.
Првата трка во саботата му донесе двојна победа на Зелениот тим. Осми пат во сезоната го видовме дуото на Кавасаки на првото и второт место на подиумот. За време на трката двајцата возачи се менуваа на водечката позиција, за на крајот, откако Џоната Реа го помина својот клубски колега Том Сајкс, да го зголеми темпото и да дојде до нова победа, прва за него на Лагуна Сека. На третата позиција заврши Ники Хејден откако буквално во последниот свиок го помина својот клубски колега Михаел ван дер Марк кој направи грешка и остана без подиум од САД.
Втората трка започна со црвено знаме заради Павел Скопек кој падна во свиокот број 6, веднаш по рестартот на трката Џонатан Реа се обиде да направи разлика и да дојде до втората победа во викендот, но по само 5 круга излета надвор од патеката. Тој успеа да се врати назад на 10-та позиција, но за жал по само половина круг мораше да ја прекине трката заради технички проблеми со моторот по неговиет излет надвор од патеката.
Во генералниот пласман водечки сеуште е Џонатан Реа со 368 поени, кои се достижни во останатите 8 трки за Том Сајкс кој на втората позиција сега има 322 поени. Третопласиран во шампионатот исто така е Британец, Чаз Дејвис на Дукати кој до сега освои 260 поени. Следува летната пауза за Motul World Superbike шампионатот, а трките продолжуваат во Германија на 16-18 септември.
Би можело да ве интересира
Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.
Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.
Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.
Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.
X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.
Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.