Алекс Ловс беше воодушевен откако ја постигна својата прва Супербајк победа на драматичната трка која викендов се возеше на патеката во Брно.

Само две недели откако неговиот тимски колега ја постигна првата победа за Yamaha по 2011 година, Ловс успеа да победи на трката која се возеше во република Чешка, откако двајцата возачи на Kawasaki, Џонатан Реа и Том Сајкс, излетаа надвор од патеката.

LowesWin

Британскиот возач изјави дека не му било пријатно кога неговиот тимски колега стигнал до првата победа за PATA Yamaha, особено не на неговата домашна патека, но продолжил напорно да работи и по завршувањето на оваа трка успеа да стигне на првото место пред ван дер Марк кој заврши на втората позиција.

„Прво нешто што сакам да го кажам е едно големо благодарам за Yamaha, до целиот тим, а особено до Пол кој веруваше во мене и кој ме донесе тука од BSB серијата,“ изјави Ловс по завршувањето на трката.

„Сите работеа напорно за да ми го обезбедат она што ми е потребно. Фантастично е што јас успеав да стигнам до првата позиција, а Марк беше втор. Искрено, навистина сум среќен. Тешко беше да се прифати резултатот на трката во Донингтон, бидејќи јас сакав да бидам првиот кој ќе обезбеди победа за тимот. “

„Денеска мотоциклот работеше беспрекорно. Уживав во трката, а тоа воопшто не е лесно кога патеката е жешка и лизгава. Се фокусирав да бидам конзистентен и сега морам да признаам дека сум пресреќен. Голема благодарност до Yamaha, чест ми е што сум дел од овој проект и сега само треба да продолжиме во ист стил.“

Back To Top