WSBK

WSBK: Реа доминираше на патеката во Лагуна Сека

Извонредниот прв круг му овозможи на Реа да ја оствари својата деветта победа сезонава и ја зголеми предноста во пресрет на летната пауза

Следете нè на:

 

Џонатан Реа ќе замине со предност од 59 поени на летната пауза откако успеа да стигне до победа на трката која викендов се оддржа во Лагуна Сека.

rea sbk 2017

Откако мораше да се задоволи со второто место на трката број еден, веднаш за Чез Дејвис, Реа извозе фантастична втора трка со својот Kawasaki ZX-10R.

Во текот на првиот круг се бореше со тимскиот колега Том Сајкс, но веднаш потоа Реа прејде во водство кое не беше во ниту еден момент загрозено. На крајот заврши со предност од 2.8 секунди пред Сајкс.

Чез Дејвис имаше добра брзина но сепак не можеше да се носи со Реа, а Велшанецот дури во седмиот круг успеа да го претекне Чави и да дојде до третата позиција. Иако се впушти во потера по Сајкс, поранешниот шампион не успеа да го претекне и му овозможи на Kawasaki нова, вкупно петта, 1-2 победа оваа сезона.

Марко Меландри направи грешка на самиот старт на трката и со тоа значително ги намали шансите за победа. На крајот Италијанецот заврши на четвртото место но со заостанување од седумнаесет секунди за Реа.

Иако добро стартуваше, Чави Форес на крајот мораше да се задоволи со петото место и заврши пред Јуџин Лаверти кој по трет пат сезонава завршува меѓу најдобрите шест возачи. Леандро Меркадо и Лоренцо Савадори со RSV4 завршија веднаш зад него.

Во тензична борба, Алекс Ловс успеа да го победи Михаел Ван Дер Марк и на крајот заврши на деветото место, а Штефан Бредл имаше уште еден разочарувачки викенд за Honda со освојување на единаесетото место.

Џејк Гање успеа да освои еден поен откако на крајот се најде на петнаесетото место веднаш зад Роман Рамос, Алекс Де Анџелис и Ренди Круменахер.

Разочарани беа и во Althea BMW откако Жорди Торес излета од патеката во моментот додека се наоѓаше на шестата позиција, а еден круг пред него трката ја заврши и неговиот тимски колега Рафаеле де Роса. Леон Камиер исто така мораше предвреме да ја заврши трката поради механички проблеми.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.