worldsbk.com доби нов лик, нови функционалности како и нов „Energy Zone“ за кој се бара претплата.

worldsbk-sajt

worldsbk.com доби нов лик, нови функционалности како и нов „Energy Zone“ за кој се бара претплата.

Главната вест секако е редизајнот на веб сајтот кој рака на срце не беше на нивото на кое требаше да биде. Новиот сајт е по прегледен, и насочен повеќе кон членовите на сајтот, па така сите кои имаат профил на worldsbk.com ќе имаат можност да уживаат во многу повеќе слики и видеа од претходно.

Дорна ги превзема работите во Супербајк шампионатот во свој стил. Главната цел како и во МотоГП е заработката на пари, па така од сега на новиот веб сајт ќе имате можност да купите видео пропусница со која ќе можете да ги следите во живо трките од Супербајк шампионатот.

Иако оваа функционалност не е сеуште во функција и не се знае во кои земји ќе биде достапна, се очекува цената на видео пропусницата да не биде поскапа од 70 евра за целата сезона, имајќи во предвид дека за MotoGP истата пропусница чини 100 евра.

 Посетете го http://www.worldsbk.com/ и креирајте профил со клик на „Energy Zone“ за да ги видите сите новости, слики и видеа.

Back To Top