Тимот на „Crescent Suzuki“ во Светскиот Супербајк шампионат започнува со подготовките за новата сезона чија премиера е закажана за 22 февруари.

test sbk jerez d2 24

Тимот на „Crescent Suzuki“ во Светскиот Супербајк шампионат започнува со подготовките за новата сезона чија премиера е закажана за 22 февруари.

Овој викенд двајцата возачи на тимот, Ренди де Пуние и Алекс Ловс ќе заминат во Португалија каде ќе ги одработат првите тестирања на новиот GSX-R во 2015. Тестирањето ќе се одржи на патеката „Autódromo Internacional do Algarve“ лоцирана на 20-на километри од Портимао. Алгарве е патека која на Ловс му лежи навистина добро, тоа го покажа на тестот во јануари минатата година и трката во јули. За разлика од него, Де Пуние со своите 15 години тркачко искуство сеуште нема возено на патеката долга 4,592 метри.

Веднаш по дводневниот тест тимот ќе се упати на познатата патека Херез каде ќе ги финишира подготовките. Според предвидената програма, тимот на Сузуки ќе тестира во Портимао на 21 и 22 јануари, додека пак на патеката Херез ќе бидат на 26 и 27-ми.

Од вкупно 14 рунди колку што ќе се возат оваа сезона во Супербајк, првата ќе се вози на 22 февруари на патеката Филип Ајленд во Австралија. 

Back To Top