WSBK

WSBK тест, втор ден: Реа се уште во предност

Заврши вториот и последен ден тестирање за тимовите од WSBK серијата. Иако имињата на возачите кои се најдоа на врвот се познати, распоредот на останатите возачи е различен во споредба со вчера.

Следете нè на:

 

Заврши вториот и последен ден тестирање за тимовите од WSBK серијата. Иако имињата на возачите кои се најдоа на врвот се познати, распоредот на останатите возачи е различен во споредба со вчера.

Џонатан Реа се уште е најбрз. Актуелниот светски шампион беше за десетинка побрз од останатите возачи на патеката и беше само еден од двајцата возачи кои имаа време помало од 1.40.

SBK Motul 2016 1024x696

Но зад возачот на Kawasaki не се најде неговиот тимски колега Том Сајкс туку возачот на Milwaukee Aprilia, Лоренцо Савадори. Италијанецот имаше извонреден настап и на крајот се најде меѓу двата мотоцикли на Kawasaki.

Том Сајкс го заврши денот на третото место со заостанување од четири десетинки зад Реа. И двата возачи на Kawasaki паднаа во текот на денот но тие не беа единствените на кои им се случи тоа. Истиот проблем го имаа и возачите на Althea BMW, Жорди Торес и Марко Факани кои се здобија со повреди на рамото.

Двајца возачи на Ducati, Марко Меландри и Чез Дејвис се најдоа веднаш зад Сајкс. Ники Хејдн исто така имаше добар настап со Honda CBR1000RR и на крајот заврши со заостанување од само три – четвртини зад времето на Реа. На седмото место се најде Алекс Ловс од Pata Yamaha.

Зулфами Карудин повторно беше најбрз од Суперспорт возачите. На крајот тој заврши со голема предност пред Жил Клузел. Микеле Риналди на крајот имаше предност од три –десетинки пред Мајк Џонс.

Следниот тест ќе се оддржи во Портимао.

Поз Класа Возач Мотор Време Разлика Претх. Кругови
1 SBK Jonathan Rea Kawasaki ZX-10R 1:39.809  –  – 41
2 SBK Lorenzo Savadori Aprilia RSV4 RF 1:39.920 0.111 0.111 70
3 SBK Tom Sykes Kawasaki ZX-10R 1:40.219 0.410 0.299 57
4 SBK Marco Melandri Ducati Panigale R 1:40.313 0.504 0.094 63
5 SBK Chaz Davies Ducati Panigale R 1:40.324 0.515 0.011 64
6 SBK Nicky Hayden Honda CBR1000RR 1:40.548 0.739 0.224 67
7 SBK Alex Lowes Yamaha YZF-R1 1:40.600 0.791 0.052 83
8 SBK Xavi Fores Ducati Panigale R 1:40.738 0.929 0.138 56
9 SBK Stefan Bradl Honda CBR1000RR 1:40.854 1.045 0.116 52
10 SBK Michael vd Mark Yamaha YZF-R1 1:41.450 1.641 0.596 78
11 SBK Randy Krummenacher Kawasaki ZX-10R 1:41.566 1.757 0.116 47
12 SBK Markus Reiterberger BMW S1000RR 1:41.578 1.769 0.012 67
13 SBK Eugene Laverty Aprilia RSV4 RF 1:41.886 2.077 0.308 51
14 SBK Jordi Torres BMW S1000RR 1:42.516 2.707 0.630 7
               
1 SSP Zulfahmi Khairuddin Kawasaki ZX-6R 1:44.410     48
2 SSP Jules Cluzel Honda CBR600RR 1:45.199 0.789 0.789 81
3 SSP Robin Mulhauser Honda CBR600RR 1:45.410 1.000 0.211 68
4 SSP Nacho Calero Kawasaki ZX-6R 1:45.507 1.097 0.097 45
5 SSP Kyle Ryde Kawasaki ZX-6R 1:45.625 1.215 0.118 72
6 SSP Hikari Okubo Honda CBR600RR 1:45.852 1.442 0.227 71
               
1 STK Michael Rinaldi Ducati Panigale R 1:43.343     55
2 STK Mike Jones Ducati Panigale R 1:43.670 0.327 0.327 58
3 STK Alessandro Valia Ducati Panigale R 1:45.261 1.918 1.591 38
4 STK Marco Faccani Ducati Panigale R 1:45.678 2.335 0.417 6
5 STK Julian Puffe BMW S1000RR 1:46.176 2.833 0.498 48
               
1 BSB Leon Haslam Kawasaki ZX-10R 1:41.928     58
2 BSB Luke Mossey Kawasaki ZX-10R 1:42.349 0.421 0.421 64

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.