За љубителите на мото трките зимата заврши, викендов се вози првата рунда од Супербајк шампионатот и започнуваат возбудувањата во новата сезона.

wsbk-istanbul-2013-22

За љубителите на мото трките зимата заврши, викендов се вози првата рунда од Супербајк шампионатот и започнуваат возбудувањата во новата сезона.

Актуелниот шампион Том Сајкс ќе се обиде да ја одбрани титулата, но како што вели и една изрека, лесно е да се искачиш на врвот, тешко е да го задржиш. За Сајкс пред сезонските тестови не поминаа идеално, и од резултатите на останатите тимови и возачи можеме да заклучиме дека главни претенденти за одземање на титулата ќе бидат Силвијан Гинтоли, Јуџин Лаверти, Марко Меландри и Алекс Ловс.

Јуџин Лаверти иако го изгуби местото во Априлија се најде во тимот на Сузуки кој покажа на тестирањата дека има одличен пакет за Ирецот, а новиот GSX-R се покажа одличен и за новајлијата во шампионатот, Алекс Ловс.

Календар на трки: eni SUPERBIKE WORLD CHAMPIONSHIP 2014
TBC
23/2 13/4 27/4 11/5 25/5 8/6 22/6 6/7 13/7 7/9 21/9 5/10 19/10 2/11

Форматот на трки оваа сезона доживеа мала промена во однос на претходната сезона, а сето тоа по барање на Дорна која се обидува да ги доближи МотоГП и Супербајк шампионатите. Претходно две тренинг сесии беа пратени од две квалификациски сесии кои ја одредуваа суперпол позицијата. Сега ќе следиме три тренинг сесии, каде 20-те најбрзи возачи ќе напредуваат до квалификации поделени во два дела. Како во МотоГП, најдобрите 10 од слободните тренинзи одат директно во Q2, додека останатите 10 ќе возат во Q1. Најбрзите двајца од Q1 ќе возат заедно со десетте возачи во Q2 од кои се одредува стартната листа за првите 12.

2014 ENI SUPERBIKE WORLD CHAMPIONSHIP – Тимови и возачи
KAWASAKI RACING TEAM – KAWASAKI ZX-10R
1  TOM SYKES 44  DAVID SALOM EVO
76  LORIS BAZ
TEAM ALSTARE – BIMOTA BB3
2  CHRISTIAN IDDON EVO 86  AYRTON BADOVINI EVO
DUCATI SUPERBIKE TEAM – DUCATI 1199 PANIGALE R
7  CHAZ DAVIES 34  DAVIDE GIUGLIANO
MAHI RACING TEAM INDIA – KAWASAKI ZX-10R
9  FABIEN FORET EVO
BMW TEAM TOTH – BMW S1000RR
10  IMRE TOTH 56  PETER SEBESTYEN EVO
MRS KAWASAKI – KAWASAKI ZX-10R
11  JEREMY GUARNONI EVO
TEAM HERO EBR – EBR 1190RX
20  AARON YATES 99  GEOFF MAY
TEAM PEDERCINI – KAWASAKI ZX-10R
21  ALESSANDRO ANDREOZZI EVO 23  LUCA SCASSA EVO
VOLTCOM CRESCENT SUZUKI – SUZUKI GSX-R1000
22  ALEX LOWES 58  EUGENE LAVERTY
RED DEVILS ROMA – APRILIA RSV4 FACTORY
24  TONI ELIAS
IRON BRAIN KAWASAKI SBK TEAM – KAWASAKI ZX-10R
32  SHERIDAN MORAIS EVO 84  MICHEL FABRIZIO EVO
APRILIA RACING TEAM – APRILIA RSV4 FACTORY
33  MARCO MELANDRI 50  SYLVAIN GUINTOLI
BMW MOTORRAD ITALIA SBK TEAM – BMW S1000RR
52  SYLVAIN BARRIER EVO
ALTHEA RACING – DUCATI 1199 PANIGALE R
59  NICCOLO CANEPA EVO
PATA HONDA WORLD SUPERBIKE TEAM – HONDA CBR1000RR
65  JONATHAN REA 91  LEON HASLAM
MV AGUSTA RC–YACKNICH MOTORSPORT – MV AGUSTA F4 RR
71  CLAUDIO CORTI

Не очекува навистина возбудлива сезона, Супербајк шампионатот е возбудлив заради тоа што се возат мотори кои се во сериско производство и се реални во однос на перформансите. Секој викенд се возат по две трки што дополнително го прави интересен шампионатот, а победникот на трките никогаш не е познат до последниот свиок. 

Овој викенд трките се возат на патеката Филип Ајленд во Австралија, пренос можете да следите на ЕуроСпорт каналот и тоа првата трка на програмата е во недела во 2 часот по полноќ, додека пак втората трка ќе се пренесува во живо во 4.45 часот изутрина.

 Досегашните два тренинга на Филип Ајленд поминаа во знакот на фаворитите, во продолжение следуваат и резултатите од вториот тренинг: 

1. Alex Lowes (Suzuki) 1’31.100:
2. Marco Melandri (Aprilia) +0.037:
3. Davide Giugliano (Ducati) +0.105:
4. Tom Sykes (Kawasaki) +0.295:
5. Jonathan Rea (Honda) +0.336:
6. Eugene Laverty (Suzuki) +0.348:

Back To Top