Yamaha се враќа во Светскиот Супербајк Шампионат и комплетно е подготвена за тоа.

Јапонскиот производител ги обезбеди талентираните Силвиан Гинтоли (Светски Супербајк Шампион за 2014 година) и Алекс Ловс (Британски Супербајк Шампион за 2013 година) кои ќе работат заедно со високо ценетиот Crescent Racing.

Тимот официјално дебитира денеска во Шпанија, заедно со другата натпреварувачка програма на Yamaha, Pata Yamaha Official WorldSBK. Заедно ќе бидат моќен пакет кој ќе се бори за врвот. Ние очекуваме добри резултати од нив.

yamaha returns to wsbk in 2016 92887 1

Ова е поради тоа што новата Yamaha YZF-R1 цела година се подготвуваше на национално ниво. Во САД ги освои Супербајк и Сеперсток 1000 класите, а во Велика Британија, Џош Брукс го освои BSB шампионатот.

„Минатата година ја почнавме со комплетно нов YZF-R1, за кој верувавме дека е нешто посебно.  Веднаш почнавме да се натпреваруваме ширум светот во различни класи и веднаш станавме успешни без разлика каде возевме,“ изјави одговорното лице за Европаза Yamaha, Ерик де Сејнес. „Сепак, мотоциклот пристигна доцна и не бевме во можност веднаш да почнеме да се натпреваруваме во Светскиот Супербајк Шампионат. Ни беше потребно време за дополнително да се развиеме, да собереме податоци и искуство. Сега со нетрпение чекаме да го вратиме YZFR1 на патеката.  Знаеме дека ќе биде нова и предизвикувачка авантура. Токму поради оваа причина внимателно ги избравме лицата и партнерите кои ќе бидат со нас, вклучувјќи го новиот спонзор, Pata, кој ќе даде важен придонес на проектот. Мислам дека ќе можеме да притиснеме и да се бориме за врвот уште од првата трка.“

Back To Top