Lone Knights MC

Lone Knights MC е основан во месец Mај, 2009 година во Македонија. Клубот е формиран и егзистира по принципите карактеристични за традиционалните мотоциклистички клубови (МC). Нашите членови ги претставуваат единствено боите на нашиот клуб. Името на Lone Knights MC се врзува со постоењето на средновековните витези во Европа. Исто како и средновековните витешки редови, Lone Knights MC ги следи начелата на: Чесност, Искреност, Гордост, Храброст и Лојалност.

И веднаш се појавува прашањето: Зошто ОСАМЕНИ Витези? Бидејќи токму овие особини се поретко се среќаваат меѓу луѓето во светот, а нарушените морални и етички вредности стануваат секојдневна и општо прифатена појава. Секој член на Lone Knights MC е горд на боите што ги носи, а секој нов член на клубот се обврзува на доследно почитување на сите принципи и правила кои важат во клубот. Lone Knights MC соработува со сите МC и MK клубови, како во Македонија, така и во околните земји, притоа промовирајќи го клубот и бајкерскиот начин на живот.

И во иднина, Lone Knights MC ќе остане доследен на своите принципи. А за секој кој сака да биде дел од ова нас: "Oпреми се со шлемот кој се нарекува ЧЕСНОСТ, штитот koj се нарекува ИСКРЕНОСТ, оклопот кој се нарекува ГОРДОСТ и ХРАБРОСТ во твоето срце. Твојот меч на ЛОЈАЛНОСТ положи го меѓу нас и стани дел од нашето братство".

L.K.T.L.K.F.

Lone Knights MC Macedonia

Back To Top