meckilogo.jpg

На 25 април 2009год, прославивме една година од постоењето на МК BEARS од Куманово. МК BEARS брои 14 членови, моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.

Името Мечки (BEARS) го одбравме како симбол на моќ, мечката се карактеризира како животно кое живее самостојно, кое ја брани својата територија, а како симбол ја користиме мечкината шепа со моторцикл во неа, која е во бела боја на црна позадина.

За ова кратко време од нашево постоење, нашиов клуб на 23 декември 2008 год, организираше акција под името Дедо Мраз на мотор, на кој им беа доделени новогодишни пакетчиња на децата од Дневниот центар за грижа на лица со посебни  потреби од Куманово.

Во акцијата бевме поддржани и од наши пријатели од другите мото клубови од државава. И се надеваме дека оваа акција ќе ни биде традиционална во годините што следат.

Списокот со членови и фотографии ќе биде додаден наскоро.

Контакт е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Веб адреса: www.mkbears.webs.com

Back To Top