logo_pmc.jpg

- POTFAT MC е предаден во промоција и промовирање на кастм бајк (custom bike) културата и бајкерскиот животен стил во Македонија и светот.

- Ние ги сметаме нашите бои, одговорностите и дејноста на клубот сериозно!

-
POTFAT MC обезбедува и ужива заеднички респект и подршка во бајкерската субкултура.

 Доколку кастм моторите и бајкерската култура влијаат на твојот животен стил, можеби ти си вистинската личност за да ни се придружиш.....

На кратко, тоа е само дел од она што во кратки црти може да се каже што е суштината на ПОТФАТ МЦ и од она што може јавно да се проследи на нашиот веб сајт.

Зошто МЦ а не МК; некој од вас може да се запраша?

По безброј пати во јавноста ПОФАТ МЦ се обиде да ја разјасни разликата меѓу видовите на клубови, па ќе го стори тоа уште еднаш на овој сајт, за кој веруваме дека ќе придонесе многу повеќе од било кој друг медиум за развојот во Македонската клубска сцена.

MC (се изговара Ем Си) доаѓа од англиската кратенката која се однесува на поимот MOTORCYCLE CLUB што во буквален превод означува Мотоциклистички Клуб. Историски гледано, во време на формирањe на првите посериозни MC (клубови) на западот, по периодот по Втората Светска Војна, MC клубовите ја развиваат својата суштина на едно повисоко ниво во сите аспекти за разлика од останатите таканаречени викенд мото клубови. Овие вторите дејствуваат за викендите по работното време, на средби од јавен караткер, бегајки од секојдневието и дозволувајки лесно да им пристапи било кој во клубот, доколку изјави желба или поседува било каков моторцикл.

Останатите, кој живееле за и со својот моторцикл, буквално имале бензин во крвта, не се наоѓале себеси во овој вид повремени средби и дружби.

Сите тие кој на еден начин се чуствувале посебни, барајки повеќе од овој животен стил придонеле во формирањето и истакнувањето на овие MC-ја, каде што и ден денес е особена чест и привилегија да се членува. Во MC (клубовите) не е допуштено секој како член  да се приклучи доколку изјави желба за тоа.

Во MC (клубовите) особено се гледа на лојалноста, активноста и предаденоста кон клубот. Исто така секој MC (клуб) има прифатено одредени правила, и заради тоа нивните членови се должни да ги почитуваат како што се зададени.

Сите овие аспекти, како и многу други нешта кој просторот не дозволува да се наведат, придонесоа POTFAT MC да зачекори во својата прва декада на своето постоење, бележејки успеси на целокупната Светска клубската сцена!

POTFAT MC е воедно и првиот Македонски бек печ (back patch) MC, што значи првиот вистински MC формиран целосно според западни стандарди и правила на MC (клубовите), и воедно првиот Македонски клуб кој носи троделни клубски бои на задниот дел на елеците, правило за сите членови на клубот.

Под поимот клубски троделни бои се подразбира грбот или амблемот на клубот во средина, а над него се наоѓа името над клубот, додека под грбот се наоѓа територијата каде што клубот е базиран. Ова непишано древно правило од кое ни по еден основ не се одстапува е традиција помеѓу сите Светски MC клубови.

Во моментот на клубската сцена во земјата и соседните Балкански држави, ова правило е занемарено од одредени случаи и групи. Така што истите поради неинформираност, или лицемерие, сакајки да се протнат на мала врата , и да бидат признаени од останатие MC (клубови) во околината и светот, не ги почитуваат Светските MC правила. Порано или подоцна ризикуваат отворен конфликт или се заробуваат себеси во малата територија на своето неправилно формирање.

Со предходен дијалог и согласност од MC клубовите во земјата и околината, се добива право на формирање на нов MC, а истиот принцип важи и за оформување чептер (chapter-подружница) од странски MC во земја во која веке постои одреден MC клуб од предходно.  Троделните MC бои воедно и ознаката MC на нив во ниеден случај не се исклучок никаде во светот и во примери на клуб со таква неправилност, тој нема да може да ужива никаков респект ниту подршка во светски размери, и воедно ќе придонесува кон создавање на поголем конфликт, што апсолутно и генерално не е цел на ниеден MC било каде и да се наоѓа. Останатите клубови, кој не се во согласност со MC стандардите, не носат троделни бои со MC ознака и во нив на пример спаѓаат сите: авто мото клубови, клубови на викенд возачи, клубови за дружба преку моторциклите или натпреварувачки и туринг клубови, едноставно се она кое не е базирано на западните MC стандарди, во светот се нарекува MCC (Ем Си Си) или МК (мото клуб-на кирилица) поприфатено на Балканот . MCC или МК клубовите имаат апсолутно право по своја воља и правила да дејствуваат во било кој правец на своето постоење, носејки дури и бои на грбот (едноделни или повекеделни, но не троделни со MC ознака доколку не се МC) како и ознаки однапред на нивните елеци и останата клубска опрема.

Зад светската афирмацијата на PMC (POTFAT MC скратено), во ова десетлетие стојат: несебичните, неизмерни напори на сите членови (сегашни и минати), комитетот на клубот и сите супортери (подржувачи), многу уникатни уметнички дела од моторцикли кој го привлекле будното око на јавноста, многу поминати километри во и вон земјата, без оглед на временските услови и годишното време, самофинасирањето по пат на одкажување од сите неопходни угодности, нашите семејства, добриот баланс меѓу клубот и јавноста која не е дел од овој бајкерски свет.....набројувањето и деталите можат сега навистина да отидат до недоглед со цел представувањето на клубот да може да ви се доближи.

PMC е формиран во Гевгелија во септември 1998 година од група истомисленици составена од бајкери од Скопје и Гевгелија. Во почетоците PMC има два чептера, но подоцна заради негативната глобализација на главиот град од која провинциските подрачја не можат да држат чекор со суштинските настани, PMC до денес останува со еден чептер во земјата.

PMC е активен клуб низ целата година, без пауза учествува на мото собирите и клубските настани насекаде и PMC особено се истакнува со безброј трофеи од надпревари во избор на Custom моторцикли, во најразлични класи, од секаде каде што некој од клубот присуствувал.

Во 2007 година, во Јуни, во третиот викенд месецот се случи еден од најзначајните настани за Балканските простори под името “Ride & Fly Weekend” во организација на PMC. Мото собирот беше од комерцијален карактер, и идејата беше јавно да се соберат на едно место (Спортско рекреативниот аеродром Стенковец-во близина на Скопје) што е можно повеке бајкери од секаде како и локалното население, со цел за меѓусебно зближување и надминување на оние излитени лоши мислења за  оние кој се дел од целата мото сцена. Огромната посетеност и нејзиниот квалитет, со гости од зејмата, Балканот, Германија, Луксембург, Англија и Соединетите Американски Држави, како и квалитетното време поттикнато од многуте живи изведувачи, летање со спортски авиони, и за прв пат Custom Bike натпревар со квалитет вон стандардите на земјата говорат за досегашната работа на клубот во сите домени.

За сите дополнителни информации PMC е достапен во Скопје, каде што е и седиштето, најчесто во Custom Pub во центарот на градот, или преку интернет на нашиот официјален  веб сајт: 

www.potfat-mc.com


PMC Support Gear

- Преку секој купен продукт од линијата на PMC Support Gear, вие директно го помагате клубот и развитокот на Custom Bike културата во Македонија.

- 100% памук, сите големини-цена: 350денари (1ком)

- За подетални информации, нарачки и достава, пишете на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

potfat_maici.jpg

Back To Top