Германската компанија ја нарекува „BMW Motorrad VISION NEXT 100“ и вели дека концептот ја отелотворува визијата на BMW за возење во поврзан свет.

Замислете си како се обидувате да ги предвидете работите како што се социјалните медиуми, мобилните телефони, интернетот, комеријалните летови па дури и летовите во вселената, на почетокот на дваесетиот век.

Со оглед на промената која ја има во изминативе 100 години, замислете си како би изгледал светот во наредните 100 години и ќе видите колку залудно може да биде тоа предвидување.

BMW Motorrad VISION NEXT 100 concept 32

Поради тоа, денеска ќе ви ја споделиме визијата на BMW Motorrad за мотоциклите во наредните 100 години.

Германската компанија ја нарекува „BMW Motorrad VISION NEXT 100“ и вели дека концептот ја отелотворува визијата на BMW за возење во поврзан свет.

Во BMW гледаат на мотоциклите како можност за излез од брзорастечкиот дигитален и автоматски свет и нудат нешто вистинско и реално во свет кој се повеќе станува виртуелен.

Но тоа не значи дека  „VISION NEXT 100“ ќе нема хај тек делови. Од компанијата замислуваат футуристички изглед, но инсистираат дека сето тоа ќе остане во позадина и ќе се уклучува само кога е потребно.

Меѓу другите достигнувања се шасијата која ќе се витка при вртење. Ригидноста на шасијата ќе се менува во зависност од брзината на движење. Полесно ќе се врти со помала брзина отколку со поголема брзина.

Тој ќе има големи тркала кои ќе се прилагодуваат во зависност од површината на која се вози.

„BMW Motorrad VISION NEXT 100“ исто така и сам ќе оддржува рамнотежа што значи дека мотоциклот нема да стои исправен само кога е паркиран.  Системот ќе оддржува рамнотежа и кога мотоциклот е во движење.

BMW всушност гледаат иднина во која електрониката е толку напредна што носењето на заштитна опрема ќе биде непотребно. Со тоа, облеката на возачите ќе се базира на удобност наместо на безбедност.

Наместо кацига, возачите ќе имаат визир кој ќе има интегриран дисплеј. Тука возачот ќе може да ги гледа сите информации за неговиот мотоцикл а исто така тој ќе овозможи и поврзување со дигиталниот свет.

Секако, мотоциклот нема да произведува штетни гасови.

Дали е ова иднината? Тоа останува да видиме. 

Back To Top