motori rfq1Хонда го претстави CRF450, моделот со кој ќе настапи на легендарното Рели Дакар 2013 кое ќе се одржи во Јануари следната година. 

rfq1{gallery}honda-dakar{/gallery}

Хонда го претстави CRF450, моделот со кој ќе настапи на легендарното Рели Дакар 2013 кое ќе се одржи во Јануари следната година. Од 1981 година Хонда настапуваше 9 пати во претходникот на релито, Парис - Дакар. Хонда ја забележа првата победа во 1982 година, а потоа последователно победуваше на четири релија, од 1986 до 1989 година со што дојде до рекордот од 5 титули за 9 години.

На релито Хонда ќе настапи со цел да ги подобри комерцијалните возила според податоците кои ќе ги добијат од рели верзијата и новата технологија која ќе ја употребат. CRF450 Rally е модел кој е изведен од серискиот CRF450X, а петте возачи на Хонда кои ќе се обидат да дојдат до пиедесталот се: Helder Rodrigues (Португалија), Felipe Zanol (Бразил), Sam Sunderland (Англија), Javier Pizzolito (Аргентина) и Johnny Campbell (САД). Првото пробно возење новиот модел ќе го има на Рели Мароко 2012 кое започнува на 14 Октомври, а истите возачи кои се пријавени за Рели Дакар ќе возат и на мароканското рели со цел да приберат податоци и да го подобрат моторот до крајот на годинава.

Back To Top