Системот кој ќе чини 25 долари се состои од резервоар за вода, електичен фен, мал радијатор и филтер за воздух. Идејата е да се користи испарувањето на водата која со помош на фенот ќе овозможи струење на воздухот.

Иако има уште неколку месеци до почетокот на летото, сите знаеме што значи возење на такви услови, особено кога треба да стигнеме до своето работно место пробивајќи се притоа низ голем сообраќаен метеж. Мислам на оној момент кога ќе стигнете на работа, а вашата глава е премногу испотена и изгледате како да сте се туширале. Но наскоро можеби ќе имате решение за овој проблем.

helmet air conditioning is on preorder now 8

Индиската компанија „BluArmor “ која е подружница на „AptEner Mechatronics“ е на прагот да го престави својот „BluSnap“ систем за ладење.  Тој работи на батерија и овозможува проток на ладен воздух низ кацигата. На прв поглед можеби ќе ви делува дека тоа ќе влијае на аеродинамиката на кацигата, но за возење низ град мислам дека ќе заврши голема работа.

Системот кој ќе чини 25 долари се состои од резервоар за вода, електичен фен, мал радијатор и филтер за воздух. Идејата е да се користи испарувањето на водата која со помош на фенот ќе овозможи струење на воздухот. Според компанијата, температурата на овој начин ќе се намали за 6 до 15 степени. Сепак, тоа зависи и од условите во кои возите.

Тестовите кои ги направи компанијата во текот на изминатата година покажаа дека дури и во Ченаи, град со навистина влажна клима, самата кацига овозможува температура од 31 степени во услови кога температурата во градот изнесува 41 степен.

Се уште не е позната која ќе биде нејзината тежина но не очекувајте дека ќе биде премногу. Филтерот за воздух ќе биде антибактериски додека пак батеријата ќе може да издржи до десет часа во зависност од условите. Се препорачува полнење на резервоарот за вода пред секое возење, а тој би требало да трае околу 2 часа.

Доколку сакате, веќе можете да го нарачате додатокот за кацигата. Очекувајте да пристигне по 15-ти март.

Back To Top