Серија на текстови во кои водечките светски професионалци го откриваат своето стручно мислење на одредена тема. Не се обидувајте да го направите ова дома.

Серија на текстови во кои водечките светски професионалци го откриваат своето стручно мислење на одредена тема. Не се обидувајте да го направите ова дома.

Одговорено од страна на Левелин Павеј – Во 2015 година, Левелин успешно го заврши својот прв настап на релито Дакар.

11

Да сте стигне до крајната цел на Дакар е неверојатно тешко. Целото учество е еден голем предизвик а доколку сте успеале да се појавите на стартот, тогаш би можело да се каже и дека сте завршиле еден дел од работата. Самото учество чини од 70 до 100,000 евра по човек. Во тоа се вклучени мотоциклот, авионските летови, поддршката, пневматиците, горивото. Треба да вложите огромен напор за да ги обезбедите овие средства. Токму затоа и се појавува мало опуштање кога ќе се појавите на стартната линија.

Поголем дел од патеката на Дакар е прилично лесна. Некои делови се тешки но мислам дека трката на издржливост во Велика Британија е многу потешка. Проблемот кај Дакар е големиот период што го поминуваш на мотоцикл и екстремните временски услови. Дневно отприлика возиш помеѓу 500 и 1000 километри, и тоа е секој ден, четиринаесет дена по ред. 12 часа возевме на температура од 50 степени, а бевме спиени само 5 часа. Следниот ден повторно возевме 12 часа но на температура под нулата. Тоа бара огромен ментален напор и токму поради и се случуваат грешки. Возењето на оф роуд мотоцикл бара голем физички напор и доколку почете да ја употребувате мапата, лесно може да загубите концентрација. Една мала грешка и готови сте. Боли кога ќе паднеш но не смееш да се откажеш.

111

Неколку пати сум се нашол во таква ситуација. Имав две опции. Да соберам сила и да продолжам да возам или да се откажам и да се најдам сам на среде пустина. Самата помисла од тоа да бидам сам ми беше многу одбивна. Морате да ја издржите болката.

Да бидам искрен, кога ќе ја завршите трката ќе се чувствувате помалку разочарано. Ја поминав крајната линија, отидов да јадам и заспав на масата. Во моментот сте физички исцрпени, но откако сето тоа ќе помине, ќе започнете да се чувствувате фантастично од тоа што сте го постигнале.

Back To Top