Ако сметате дека ви е потребна авантура на две тркала, првото нешто кое треба да го одлучите е со каков мотоцикл ќе тргнете на пат.

Првото нешто кое треба да се прашате е какво возење планирате. Лесен оф роуд мотоцикл би бил идеален за патување низ некои од патеките во Европа но воопшто нема да ви биде удобно доколку со него возите на автопат.

Исто така, не сакате да возите низ зелените пространства на Велика Британија со Gold Wing. Доколку сакате да возите на автопатите низ Германија, тогаш овој мотоцикл е совршен за вас.

Пред да тргнете, размислете убаво што се ќе вклучува вашето патување.

Мотоцикли за пат

Motorbike Touring Txt 1 26 03

Треба да донесете добра, исправна, одлука дури и ако одлучите да возите само на пат. Иако тоа можете да го направите и со спортски мотоцикл, сепак тоа не е за секого. Ако не носите премногу опрема со вас и ако сакате во целост да го искусите уживањето кое го носи возењето по пат исполнет со свиоци, тогаш тоа можете да го направите со спортски мотоцикл. Доколку пак планирате да носите целосна опрема со вас тогаш спорт-туринг, авантуристички или пак целосен туринг мотоцикл е идеална опција. Еве неколку опции од кои можете да изберете.

Спортски мотоцикл – Yamaha R1

Yamaha 26 03

Ако планирате пократка релација и сакате да преспиете во некој мотел, тогаш нема причина зошто не би возеле со спортски мотоцикл. Со него побрзо ќе стигнете до саканата дестинација. Ник Сандерс неколкупати има возено ширум светот со Yamaha R1 и смета дека тој е одличен за нешто такво.

„R1 е гаранција дека ќе имате интересно возење. Луѓето мислат дека возењето низ земјите ширум светот се сведува само на оф роуд авантури но има неверојатни патишта кои се идеални за спортските мотоцикли. Можете да возите низ Алпите и воопшто нема да забележите никакви болки во рацете. Обидете се со него да ги поминете Андите. Тоа е пет часовна неверојатна авантура.“

Спорт – Туринг – Kawasaki Ninja H2 SX

Kawasaki 26 03

Овој мотоцикл, кој има 197bhp, можеби не ви звучи како идеална опција за ваква авантура, но вистината е нешто сосема спротивно. Заменик уредникот на MCN, Ричард Невланд помина речиси 715 милји само за да го тестира мотоциклот.

„Конечно стигнав дома. Поминав 714.5 милји а часовникот покажуваше 10:30. Поминав речиси 18 часа на мотоциклот и се чувствувам добро. H2 SX е одличен мотоцикл. Комфорен е и брзо ќе стигнете од една до друга локација.“ Други верзии на спорт-туринг модели се Honda VFR1200F, BMW R1200RS и Suzuki Hayabasa.

Авантуристичко - Спортски мотоцикл – Ducati Multistrada

Multistrada 26 03

Во текот на годините, авантуристичките мотоцикли станаа многу поголеми и помоќни а производителите забележаа дека тие многу повеќе се користат за возење по улица. Ова доведе до креирање на авантуристичко - спортските верзии. На прв поглед тие изгледаат како исклучиво авантуристички мотоцикли, но нивните мали тркала, гуми и спортска суспензија јасно покажуваат дека нивната намена никогаш не била за возење по песочни дини. Како и кај повеќето други вакви мотоцикли, моторот на Ducati Multistrada доаѓа од спортските мотоцикли, во случајот на 1200, Ducati 1198. Врз овој мотор е креиран удобен мотоцикл. Постојат верзии на Multistrada со кои лесно би возеле по оф роуд патишта но основниот модел е идеален за тарнак. Други вакви мотоцикли се BMW S1000XR, Kawasaki Versys 1000 и Triumph Tiger Sport.

Целосен туринг мотоцикл – Honda Gold Wing

Honda Goldwing 26 03

Целосно опремен туринг мотоцикл нуди одличен комфорт. Ваквите врвни мотоцикли, како што е Honda Gold Wing, низ текот на годините во нив вметнаа од стерео систем до воздушни перничиња. Димензиите на овие мотоцикли ви овозможуваат со вас да понесете и поголемо количество на багаж. Доколку планирате релаксирано возење и со вас да понесете дополнителна опрема, тогаш овие мотоцикли се идеална опција.

Мотоцикли наменети за возење по секаква површина

Motorbike Touring Txt 2 26 03

Можеби во моментов се уште немате престава по каков терен ќе возите. Или пак засега не сакате да отфрлите ниту една опција. Можеби сакате повеќе да возите оф роуд но додека да стигнете до патеката ќе треба да поминете долго време на автопат. Аватуристички мотоцикл со поголем капацитет е идеална опција за ова. Многу возачи користат големи авантуристички мотоцикли за вакви авантури поради нивната удобност и можноста да носите поголем багаж.

BMW GS

bmw r1250g 26 03

BMW GS е одличен мотоцикл за оф роуд возење но со него можете да поминете и голем број на километри возејќи по улица. R1250GS е последната верзија која е многу популарна кај возачите а меѓу останатите големи авантуристички мотоцикли се и KTM Adventure, Honda Africa Twin и Ducati Multistrada.

Оф роуд – туринг мотоцикли

Motorbike Touring Txt 3 26 03

Многумина под туринг подразбираат возење надвор од стандардните патишта. Иако модерните мотоцикли како што се BMW GS и Ducati Multistrada се одлична опција доколку сакате да ги извалкате пневматиците, можеби треба да се размислите за полесна алтернатива која исто така нуди голема забава. Новиот KTM 790 Adventure R, Honda CB500X и моделот кој наскоро треба да се појави на пазарот, Yamaha Tenere 700 се одлични опции.

Back To Top