Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Ова е интересен текст кој објаснува како работите се држат изедначени во Moto2.  Никој не кажува колкав е бројот на вртежи но се претпоставува дека 165 cc моторот на Triumph ќе биде малку посилен од оној на Honda. А во сезоната 2019, мотоциклите кои се дел од Moto2 и понатаму ќе бидат без контрола на тракцијата.

За време на пресконференцијата, на која учествуваа Externpro, Magneti Marelli и Dorna, Triumph ги претстави спецификациите на својот мотор.

Triumph моторите се развиени и тестирани за да обезбедат издржливост и конзистентност. Тие имаат нешто повеќе од 138 коњски сили.

Развој и тестирање на моторот

Компанијата имаше неколку фази на тестирање со цел да се постигне максимум во однос на перформансите и издржливоста. Развојот на моторот траеше две години и се случуваше во главното седиште на компнијата. На патеките ширум Европа, беа поминати повеќе од 2500 кругови. Во однос на развојот, беше обрнато големо внимание за да се извлече максимумот од главните компоненти и да се подобрат перформансите.

Стјуарт Вуд, главен инжинер во Triumph изјави: „Навистина имаме чувство дека сите ја делат нашата возбуда од тоа што стануваме дел од ова натпреварување. Веруваме дека нашата развојна програма ќе ги подобри перформансите на моторот, ќе ја зголеми неговата моќност и ќе донесе нова возбуда во натпреварувањето во 2019 година.“

Second Text Image 11 01 2019

За да се разбере позадината на развојот на нашата платформа, нашите Triumph Moto2  мотори се базираат на 765cc Street Triple RS кој пак потекнува од историскиот Daytona Supersports 675cc. Овие нови тркачки машини се креирани да донесат поголема моќност. Нашиот Street Triple RS мотор, кој има 121 коњски сили во својот стандарден формат беше претставен заедно со 80 нови делови. Кај новиот мотор ги имаме направено следниве промени:

Модификувана глава на цилиндарот и издувот за да се оптимизира протокот на гас.

Повисок степен на компресија

Титаниумски вентили

Понизок алтернатор

Променета стапка на пренос во 1-ва и 2-ра брзина

Magneti Marelli тркачки ECU

Тестирање на ECU 

Triumph заедно со Magneti Marelli исто така направи и обемно тестирање на ECU системот. Главниот дел од оваа програма се одвиваше на тркачката патека.

Тестирање на шасијата

Triumph им ги даде своите мотори на компанијата која ја креира шасијата за да го изврши тестирањето. Во овие тестови беа вклучени актуелни но и поранешни возачи од Moto2 серијата. Ние исто така му обезбедивме и дополнителни информации на производителот на шасијата.

Back To Top