Израелска компанија во соработка со Bosch верува дека „vehicle-to-vehicle“ комуникациската технологија би можела да биде клучот за намалување на бројот на несреќи во кои се вклучени мотоциклите.

Израелска компанија во соработка со Bosch верува дека „vehicle-to-vehicle“ комуникациската технологија би можела да биде клучот за намалување на бројот на несреќи во кои се вклучени мотоциклите.

city

Autotalk, кои имаат развиено „vehicle-to-vehicle“ комуникациска технологија за поголеми возила, верува дека нивниот систем би можел да функционира и кај мотоциклите. Од таа причина тие се обратија кај Германскиот специјалист за електроника, Bosch, за да го тестираат нивниот систем.

Системот може да ги следи возилата кои се во близина и да разменува податоци за моменталната брзина како и правец на движење. Ако системот забележи можност за судар, веднаш ќе го предупреди возачот.

Извршниот директор на компанијата, Он Харан, вели: „Ова е ниско буџетно решение кое е од големо значење за мотоциклите. Може да работи и при висока температура и може да биде монтирано било каде на мотоциклот.“

Bosch ќе го спроведе своето истражување во Германија но според првичните проценки, оваа технологија би можела да спречи дури една третина од мотоциклистичките несреќи во Германија. Но има еден проблем. Технологијата се потпира на други возила. Ако сте опкружени со возила кои ја немаат оваа технологија, тогаш нема да добивате никакви податоци.

Back To Top