Занимливости

Конечно се појави кацига со која главата ќе ни биде ладна

Конечно се случи она што толку долго го чекавме. Ќе имаме кацига со клима. И не само што веќе може да е најде во продажба туку таа и воопшто не е скапа.

Следете нè на:

 

Сите сме возеле на топол, летен ден. Постојано имаме дебата околу тоа дали визирот да ни биде отворен за малку да се оладиме но и со можност да добиеме удар во очите или пак тој да биде затворен бидејќи никогаш не знаете кога некоја бубачка ќе реши да се удри во вас. И додека се одлучиме која е подобрата опција, се вртиме на страна и го гледаме возачот до нас како се лади затворен во својот автомобил. Но момци, конечно се случи она што толку долго го чекавме. Ќе имаме кацига со клима. И не само што веќе може да е најде во продажба туку таа и воопшто не е скапа.

Feher2 770x433

Нашиот спасител е тимот од Фехер кој ја креираше ACH-1, кацигата опремена со интегрирана A/C единица. Таа користи технологија слична на онаа што ја користат Bentley и Ferrari за да ги оладат седиштата во автомобилите. Комбинирано со специјалната ткаенина која овозможува дистрибуција на ладниот воздух насекаде подеднакво во кацигата, системот ни овозможува главата да ни остане ладна додека во исто време температурата надвор се зголемува.

За разлика од стандардните A/C единици кои едноставно дуваат ладен воздух во вашето лице, ACH-1 има за цел да ја намали температурата на вашата кацига. Секако, колку е потопло надвор толку е поголема разликата во однос на температурата. Системот може да направи разлика од дури 15 степени внатре во кацигата во однос на надворешната температура. Кога главата е ладна, тогаш и на останатиот дел од телото не му е толку топло. Иако од компанијата не препорачуваат да возите со кацигата за време на дожд, сепак таа може да се користи и ако временските услови надвор не се поволни.

Од компанијата велат дека кацигата воопшто не е толку тешка колку што си замислуваме. Нејзината тежина изнесува 1,450 грама, што е всушност и просечна тежина за една кацига. Таа е направена од специјален композит кој овозможува да се намали нејзината тежина.

ACH-1 има DOT и ECE 22.05 сертификат и може да се нарача онлајн преку нивната интернет страница. Дури доаѓа и со сопствен ранец во кој ќе можете да ја чувате. Регуларната цена изнесува 599 долари, а Feher го слави нејзиното појавување на пазарот со попуст од 50 долари. Можете да ја добиете со различни шари. А доколку сакате можете да го промените и визирот.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.