Занимливости

LeanGP ги носи тркачките мотоцикли директно во вашата соба

Со развојот на современите платформи за виртуелна реалност, видео игрите станаа пософистицирни од било кога досега.

Следете нè на:

 

Рекреирањето на чувството кое го имате кога возите мотоцикл е нешто што конзолите за видео игри досега не успеаа вистински да го доловат. Сепак, Шпанската компанија LeanGP неодамна претстави на пазарот нешто што го нарекува „симулатор на мотоцикл.“ Тој може лесно да се спакува и има пристапна цена.

20182F042F58c87cbbe64cc0f79ec6a8c1c6f31e94 original

Компанијата започна кампања со цел да собере 25 илјади долари потребни за развој и тоа им успеа после само 48 часа. До моментот кога го пишуваме овој текст, компанијата веќе има соберено 55 илјади долари, односно двојно повеќе од првичната цел.

Платформата во суштина го претставува костурот на мотоциклот, резервоар и заден дел прикачени на основна рамка. Имате контроли кај стапалата и на рачките, а сето ова е монтирано на една повеќе насочна основа која ви овозможува да го навалувате мотоциклот од едната на другата страна. Системот е компитабилен со речиси секоја модерна игра со мотоцикли како и со најновите конзоли за видео игри. Таа може да се приклучи на телевизор или пак можете да користите систем за виртуелна реалност. За жал, системот не ви ја доловува комплексната врска меѓу возачот и мотоциклот, каде што позицијата на возење и трансферот на тежината играат голема улога. Наместо тоа користи основен систем кој е поврзан со USB и кој го контролира движењето од една на друга страна преку навалување на конзолата.

Во овој момент, тимот на LeanGP користи фиксна позиција на рачките но работат на тоа тие да можат да се прилагодат. Нивната цел во иднина е системот да има подобра детекција на движење, а за тоа планираат да додадат дополнителни сензори. Од компанијата велат и дека ако успеат да соберат околу 1.5 илиони долари, планирано е и да се додаде и можност да возите на едно тркало.

Screen Shot 2018 04 02 at 4.04.48 PM

Во однос на цената која ја има (1000 евра), системот е навистина интересен. Иако чувството кое го дава постепеното забрзување игра голема улога, во овој момент системот не го зема тоа во предвид. Веруваме дека тоа  е поради дополнителните финансии кои треба да бидат обезбедени но во секој случај добро е да се види развој на нешто што веќе долги години го има кај игрите со автомобили. Иако сметам дека има уште простор за напредок, навистина би сакал да го пробам ова. Со малку среќа, ова би можело да биде иднината на видео игрите со мотоцикли.

Доколку сакате да дознаете повеќе можете да ја посетите нивната веб страна или пак можете да помогнете околу финансирањето на проектот на KickStarter.  Видеото кое можете да го погледнете подолу е дел од нивната кампања за собирање на финансиски средства.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.