Moto-Ball (познат уште и како поло со мотоцикли) е многу слично на фудбал но сите играчи (освен голманите) возат мотоцикли. Топката е многу поголема но она што е најважно е тоа дека ова е спорт направен само за „вистинските“ мажи. Најголем дел од учесниците се поранешни Мотокрос и Ендуро возачи.

Moto-Ball за прв пат се појавува како организиран спортски настан кон средината на триесетите години на минатиот век и беше дел од првите „Goodwill“ игри. Европскиот куп се оддржува под покровителство на FIM. Главните земји кои се дел од шампионатот се Русија, Холандија, Германија, Франција, Украина, Литванија, Белгија и Англија.

Moto Ball Txt 1

Се уште се дискутира за вистинското потекло на спортот. Едни велат дека тој настанал во Франција а други пак дека дека е креиран од страна на клубот „Worcester“ во 1934 година. Без разлика на ова, кога спортот беше при својот врв, имаше тимови од цела Европа. Тој се уште постои а Motul Russia е главен покровител на Европскиот шампион, тимот на Металург од Видное.

Moto Ball Txt 2

Правилата се многу слични на стандардниот фудбал. Можете да дриблате и да шутирате со која сакате нога, но морате да бидете многу фокусирани. Игралиштето е долго 100 метри. На стартот на натпреварот, секоја екипа стои на својата половина.Судијата ја остава 40 сантиметри големата топка која тежи 1.2 килограми на средина на теренот. Потоа свири за почеток и возачите брзаат да стигнат до средина на теренот.

Moto Ball Txt 3

Во зависност од федерацијата, играта се состои од 3 или 4 периоди кои траат по 20 минути. Помеѓу секој период има десет минутна пауза. Секоја екипа има по двајца играчи кои се на станд бај позиција од едноставна причина дека многу често може да дојде до повреда.  За намерен фаул, судијата дава пенал.

Moto Ball Txt 4

Возачите користат специјално подготвен GasGas, дво-тактен 250cc мотоцикл. На страничните делови на мотоциклот има специјални рамки за возачите да можат да ја задржат топката.Motul го поддржува тимот на Металург во однос на лубрикантите за мотоциклите, автобусите и комбињата.

Moto Ball Txt 5

Motor-Baller играчите можете да ги препознаете по тоа што носат штитници на колената кои им помагаат при контактите со другите мотоцикли.

Во суштина, ова е вистински фудбал со таа разлика што возачите се на мотоцикли и според нас, ова е навистина интересно.

Moto Ball Txt 6

Погледнете го видеото од тимот на Металург.

Back To Top