Во јули оваа година Moto Advisor во Велика Британија ќе се обиде да го сруши сопствениот рекорд и да собере повеќе од 1132 жени возачи на едно место!

biker girl on motorcycle

Полека но сигурно светот се враќа во некоја нормала, секако со нови правила на однесување, тестови, вакцини и сл. но она што е важно на агендите се враќаат настаните, дружбите, подолгите и пократки возења надовор од својата земја. По тој повод, Moto Advisor во соработка со Triumph закажаа средба за 24 јули во Triumph Factory Visitor Experience во Hinckley. Да нема недоразбирања, мажите на настанот се добредојдени ама нема да може да бидат броени во однос на поставувањето на рекордот. 

moto advisor world record attempt 2022

Претходниот рекорд беше поставен повотрно во иста организација но во 2017 година. 

За да се вброи твоето присуство на настанот мора да бидете таму во периодот меѓу 10 и 15 часот, секако ќе си добие секоја учесничка бројче и ќе биде снимена за да биде се легитимно. Настанот, како и секој сличен мото собир ќе изобилува со прогарама која вклучува музика ви живо и сл. а сите собрани средстава ќе одат во хуманитарни цели. 

Back To Top