Дали е ова најлудиот концепт кој некогаш го имате видено?

Што прават Формула 1 возачите кога ќе им треба поголем предизвик отколку возење со брзина  поголема од 200 километри на час. Во случајот на поранешниот Ф1 возач, Бразилецот Тарсо Маркез, тие стануваат многу креативни.

tmc dumont motorcycle by tarso marques 12

42 годишниот поранешен натпреварувач неодамна го претстави TMC Dumont, футуристички концепт на мотоцикл кој е придвижуван со помош на огромен мотор од авион.

Концептот има Rolls-Royce Continental V6 мотор кој има триста коњски сили, односно мотор кој вообичаено се наоѓа кај авионите Цесна. Тој е низок, има тесни тркала и ниска положба на седење.

Наречен е по Бразискиот пионер во авијацијата, Алберто Сантос-Думонт, а на почетокот на годинава ја доби наградата за најдобар мотоцикл на изложбата во Дејтон, САД.

Прилично импресивно, нели?

Back To Top