Во една приказна која изгледа како да е прво априлска шега но всушност е 100% точна, Bosch ни откри безбедносен систем на кој работат и кој има за цел да ги спречи сообраќајните несреќи. Што е уште поинтересно, тие користат „jet propulsion“!

Доколку влегувате во некој свиок и наидете на песок или пак на влажни делови, гумата на мотоциклот ќе почне да го губи контактот со површината и ќе почне да се лизга странично. Во Bosch обрнаа особено внимание на овој проблем и дојдоа до заклучок дека на мотоциклот му е потребна некаква дополнителна сила која ќе ги врати тркалата на позицијата на која треба и да бидат. Ова планираат да го постигнат со компресиран гас.

p02pb720

Овој проект има работен наслов:„Sliding Mitigation research“, а од компанијата веќе тестираа еден мотоцикл кој е опремен со сензор и кој има за цел да се активира доколку забележи лизгање на тркалото. Кога тоа ќе се случи се испушта компресираниот гас. Доколку не ни верувате, тогаш можете да се уверите во видеото кое можете да го погледнете подолу.

Back To Top