„Зошто да планирате авантура на голем мотоцикл и да потрошите многу пари кога можете да купите Веспа 125 за 700 фунти и да заминете на пат околу Светот?“

Мислите ли дека за да патувате околу светот ви треба неколку месечно планирање, врвен авантуристички мотоцикл и многу пари? Размислете уште еднаш.

Во април 2015 година, 24 годишната Ема Тренчард се впушти во авантура, возејќи Веспа 125 низ Велика Британија, Европа, Централна Азија па дури и подалеку. Ова е нејзината неверојатна приказна од досегашното патување.

vespa okolu svetot 4

Во придружба на мојата омилена Веспа 125, ја напуштив мојата земја и заминав на Исток. Земав колку можам повеќе опрема и ја натоварив на веспата. Бидејќи не се разбирам во механика, со себе не понесов никаков алат ниту пак резервни делови. Се поздравив со родителите и заминав кон Довер. Ми требаа две недели за да стигнам до Салцбург, Австија.

Киргистан? Зошто да не!

Возевме околу местата кои ги има во „ the Sound of Music“, а потоа заминавме југоисточно преку Алпите. Се возевме низ драматичните предели на Словенија, по брегот на Хрватска, планинските предели на Црна Гора, Албанија и Грција.  Попат кампувавме на неколку места и конечно стигнавме во Турција. На границата меѓу Хрватска и Црна Гора ми понудија да предавам уметност во едно училиште во Бишкек, главниот град на Киргистан.  Понудата дојде во вистински момент бидејќи веќе почнував да снемувам пари. Ја прифатив понудата и си поставив цел да стигнам во Киргистан до крајот на Јули.

Турција

Кога притсигнав во Истанбул, се загубив. Застанав да прашам за правец но погрешно ги разбрав одговорите.  Почнав да возам во погрешен правец и се судрив со комбе. Мотоциклот беше оштетен а мене ме однесоа во болница. Ја напуштив болницата со помош на еден локален полицаец и подоцна истата вечер ја најдов веспата на еден локален отпад.  Ми кажаа дека е комплетно уништена и се прашував дали да го продолжам мојот пат на коњ или на камила. Но бев неверојатно среќна кога ми кажаа дека може да се поправи. Откако ја поправија, заминавме по крајбрежјето на Црното море.

vespa okolu svetot 2

Грабеж

Кога пристигнав во Грузија, заминав на југоисток низ планинските предели кон главниот град Тбилиси. Три дена подоцна, неколку животни успеаа да избегаат од зоолошката градина и шетаа низ улиците на градот. Јас успеав да избегам во Азербејџан. Но таму ме запре полиција. Се чини дека единственото нешто што го знаеа на англиски беше „Пари.“ Тоа го повторија неколку пари а во исто време покажуваа кон торбата што ја носев на мене и брзинометарот на мојата веспа.  Самата помисла дека сум возела пребрзо беше луда, но немав никаков избор и морав да го отворам паричникот.  Видоа две банкноти и ми ги зедоа. Навредена и вознемирена,  застанав кај следниот кафе бар. Таму се појавија две лица кои ми кажаа дека ме виделе претходно и дека ме следеле до тука. Возачот на автомобилот, Рашад, рече:„ Оваа веспа.... поради брзо возење?“ И потоа се изнасмеа. „Ако сакаш ќе ги најдеме и ќе ти ги вратиме парите.“ Не ми се веруваше дека тоа е можно но сепак немав што да изгубам и заминав со него во полициска станица. Потоа следуваа неколку телефонски повици и побараа од мене да опишам како изгледаа полицајците.  Но јас не можев да се сетам точно на нивниот изглед.  Но, 15 минути подоцна ги пронајдоа полицајците и шефот на полицијата ми ги врати педесетте фунти.

vespa okolu svetot 3

Патот на свилата

Два дена патував преку каспиското море качена на товарен брод.  Како што се приближувавме до Казакстан, природата драматично се менуваше во пустина. На моменти температурата достигнуваше и до 60 степени.  Со голем напор го поминавме патот на свилата и лутавме низ неколку антички градови во Узбекистан. По долго патување ја напуштивме пустината и притигнавме во Таџикистан. На планината Памир не пречека лошо време поради кое и дел од автопатот беше уништен.  Поради поплавите голем број на луѓе загинаа, поплавени беа и многу долини а исто така немаше ниту струја во целиот регион.

Авганистан

Бидејќи патиштата беа поплавени а мене ми остануваа само уште неколку денови до истекот на важноста на мојата виза, се решивме да одиме преку коридорот „Wakhan.“ Тој се наоѓа на источниот дел од Авганистан. Тоа беше врвот на авантурата, прекрасен пат со должина од 4655 метри кој завршува во јужниот дел на Киргистан. Веспата ми се расипа на дваесетина милји од главниот град и во Бишкек стигнав со помош на друго возило кое ме влечеше до таму. Во училиштето ме пречека една возбудена секретарка која подоцна ме префрли до мојот апартман. Тоа се случи на само два дена пред почетокот на училишната година.  Но повеќе не работам во тоа училиште и сега предавам Англиски во Монголија и собирам пари за да ја почнам мојата следна авантура.

vespa okolu svetot 1

Back To Top