Она што е интересно за нас, Робокап повторно ќе се врати во 2014 година и ќе вози одличен, црн полициски спортски мотор.

8450902881 45a4d8cacd o

Она што е интересно за нас, Робокап повторно ќе се врати во 2014 година и ќе вози одличен, црн полициски спортски мотор.

Робокап, совршената мешавина на човек и машина, го претставува полицаецот киборг од иднината. Пред да стане Робокап, тој бил Алекс Марфи, полицаец од Детроит кој бил застрелан при вршење на службена дејност. Оживеан како киборг- човек, Робокап се враќа на улиците на Детроит и продолжува да се бори против криминалот. 

ФИЛМОТ

Оригиналниот Робокап филм раскажува приказна за спречување на криминалот во Детроит и за корупцијата која постои во Omnicorp.  Новиот филм ќе ја има истата приказна но ќе има нов Робокап и одлични специјални ефекти. Со нов, црн футуристички штит, Робокап повторно ќе патролира на улиците на Детроит.

8451993230 b75f7d2991 o

МОТОРОТ

Гледајќи ги предните сопирачки и предната вилушка на фотографиите објавени за медиумите, можеме да забележиме дека овој мотор е неодамнешен Kawasaki Z1000. Прилагоден да изгледа како футуристички полициски пресретнувач, оклопот на овој мотор е редизајниран  за да му даде агресивен изглед кој ќе одговара на оклопот на Робокап. Седиштето на моторот изгледа како седиште на модерен борбен авион. Држачите за нозете се преместени на крајот на моторот.  Мора да е интересно возењето на мотор во оваа позиција. Светлата на моторот исто така се редизајнирани за да имаат полициски изглед.  Тоа е се што можеме да го видиме на фотографиите.

8448727197 cf1c0732c6 o

ВОЗАЧОТ

Робокап, полицаецот на иднината е убиствена машина. Откако беше оживеан како Киборг со помош на технологијата на Omnicorp, тој стана повеќе машина отколку човек. После одреден период му се врати меморијата и тој повторно стана Алекс Марфи.

8450902959 38919311e4 o

КАКОВ Е ВО АКЦИЈА?

За жал незнаеме каков е моторот во акција. За сега достапно е само кратко видео од снимањето на дел од филмот во Торонто, 2012.

РЕАЛНОСТ

Одличен спортски мотор кој ќе ги брка лошите момци? Тоа е сосема веројатно. Kawasaki Z1000 е одличен избор за полициски мотор. Неговиот агрегат со зафатнина од 1043cc има моќност од 136.1 коњски сили и тежината од 217 килограми. Со овој мотор лесно ќе ги престигнете и ќе ги фати лошите луѓе. Дајте му на Робокап ваков мотор и веќе никогаш нема да имате проблеми со брзо возење на улиците. Моја единствена грижа е дека Робокап може да има мали проблеми при станувањето и седнувањето бидејќи држачите за нозете се наоѓаат на крајот на моторот. Се надеваме дека има и киборг-рбет, бидејќи возењето во таа положба сигурно ќе му предизвика болки во грбот :)

8449813004 c688401ff8 o

Back To Top