thumb_VMax-610Во минатото Роланд имал неколку рекорди на стазите во 1998 на AMA 250GP Шампионатот. Но по 32 скршеници на коските својата кацига и тркачки комбинизон ги замени за компјутер и горлиник за заварување, дизајнирајќи и изработувајќи машини често наградувани со трофеи на престижни Кастм Бајк натпревари

VMax-610

Во минатото Роланд имал неколку рекорди на стазите во 1998 на AMA 250GP Шампионатот. Но, по 32 скршеници на коските својата кацига и тркачки комбинизон ги замени за компјутер и горлиник за заварување, дизајнирајќи и изработувајќи машини често наградувани со трофеи на престижни Кастм Бајк натпревари. Сето тоа го обележи како млад но голем талент на Кастм Бајк сцената.

Неконвенционалниот, одскокнувачки стил во неговиот дизајн го доведе до тв серијалот Biker Build-Off и титулите Rookie of the Year title и 2Wheel Tuner Brappy Award за најдобро представување и иновативност во програмата афтермаркет делови кој што денес се комерицијално достапни а се познати како Contrast Cut. Но да ја проследиме неговата последна креација. {gallery}rolandsandsvmax{/gallery}

“Кога ќе помислите на Yamaha V-maxпрвото чуство кое ќе го добиете е МОЌ. По разгледувањето и испитувањето на новиот V-maxцелосно го растуривме и решивме да ги задржиме мазните линии и да го оставиме лесен, акцентирајќи го срцето на V-max-от а тоа е неговиот В4 мотор. На нас стандардните вшукувачи за воздух и задната опашка од моторот ни се чинеа некако пренатрупани и естетски препумпани. Па, со новиот bodywork кој го изработивме се трудевме да ги задржиме благите линии на моменти намернио истакнувајќи ордедени агли.Острите агли сега се софпаднаа со изгледот на самиот В4 мотор. Резервоарот за гориво е дислоциран во нов алуминиумски резервоар кој што се наоѓа под задницата.Додадовме Renthalклип он гидан за да ја истакнеме агресивната природа на моторот. Креиравме целосно нов издув од челик кој не рѓосува 4 во 1 сет. И по целата фабрикација следуваше бојата на проектот. Па затоа што моторот наскоро патува за Милано (Италија), главниот град на модата во светот, постоеше само еден одговор, моравме да го облечеме V-max-от во најфиното црно одело проткаено со бели ленти (pin stripe). Го ангажиравме нашиот професионален кројач Крис Вуд од Аиртрикс, за да се погрижи за бојата. Можеме само да ги замислиме шпионите од Versaceкако ќе бидат инспирирани од V-max-от за нивната колекција следната година.”

Така се пошегува Роланд кој инаку е исто така и иден сопственик на Performance Mashineводечки бренд во афтермаркет сопирачките за моторцикли. Моменталниот сопственик на фирмата Performance Mashineе таткото на Роланд познат во минатото по својте успеси на многу трки.

Текст: Ironforge

Back To Top