Занимливости

Што треба да знаете кога сакате да смените професија

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

Следете нè на:

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

Пред неколку години почнав да возам оф роуд мотоцикли. Се до тој момент во животот, се беше како што треба. На работа, имав база на податоци која беше подобра отколку на моите шефови. Бев најдобар продавач во фирмата и бев добро запознаен со различните аспекти од мото индустријата. Внимателно слушав кога другите зборуваа и бев пасионира мотоциклист. Морам да признаам дека некои од моите претпоставени, немаа никакви познавања за мотоциклите. Но за нивна среќа јас знаев доволно. Понекогаш навистина ми беше тешко кога работев на проекти за кои знаев дека не се толку добри. Но само ќе ја наведнев главата и ќе ја завршев работата. Понекогаш пак ќе го изразев своето мислење но тоа само ќе ми направеше дополнителни проблеми.

Кога почнав да возам оф роуд мотоцикли, им пристапив на работите на истиот начин. Знам како да возам мотоцикл бидејќи веќе неколку години возам 1000cc улични модели. Мислев дека со голема леснотија ќе го возам и новиот мотоцикл. Но само што се качив на мојот KX250F ми стана јасно дека немам никаква престава што правам. Веќе на првата пречка паднав. Станав, продолжив напред но повторно паднав. Не знаев што се случува?

dirtbike txt 1 22 04

За среќа, на мојата прва оф роуд авантура ми се приклучија неколку пријатели кои возеа по ваков терен веќе долги години. Тие ми помогнаа многу бидејќи се чувствував навистина беспомошно. Ова пред се се должи на тоа бидејќи бев сигурен дека знам што правам.  

Следните неколку дена тие ги посветија да ме научат на основите на оф роуд возењето. Заборавив на се што знам дотогаш и внимателно слушав. Ги применував техниките кои ги научив но и продолжив да работам на нив. Немав друг избор. Во тие три дена моето возење значително се подобри. Сакам кога возам оф роуд и навистина ми се интересни работите кои можете да ги направите со ваков мотоцикл.

Една од причините поради кои ова возење ми стана интересно е фактот дека го потиснав сето знаење кое го имав претходно за мотоциклите и вниматено ги слушав поискусните возачи од мене. Исто така имав и добро професори а работите кои ги научив, веднаш функционираа штом ќе ги применев. Се чини дека вреди да се слуша внимателно.

dirtbike txt 2 22 04

Морам да признаам дека ова комплетно го промени мојот начин на учење а работата која ја имам денеска е само еден пример за тоа. Пред да станам помошник уредник не бев новинар но сметав дека имам што да понудам и да им дадам еден различен пристап на читателите. Аплицирав за работата и ме примија. Уште од првиот ден, околу мене имаше искусни луѓе кои долги години се дел од оваа индустрија. Еден од нив, кој беше и мој ментор, воопшто не се плашеше да биде и малку пожесток со мене. Тој знаеше убаво да ми ги објасни работите наместо само да ми ги поправи грешките. Исто така секојдневно учев и од останатите.

Многу научив од денот кога за прв пат се качив на оф роуд мотоцикл. Но главното, ми стана јасно колку само работи не знам. Не сум перфектен но научив како внимателно да слушам и да бидам отворен за нови идеи. Секогаш има нови работи кои можете да ги научите, особено кога мислите дека знаете се.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Патеката Брно ќе биде домаќин на четвртата рунда од МотоГП шампионатот, односно трета трка во најсилната ГП класа.

Во текот на вчерашнито ден на Марк Маркез му била извршена втора операција во болницата во Барселона.

Со денешното соопштение челниците на Дорна, ФИМ и ИРТА ставија крај на шпекулациите за годинешниот шампионат, отпаѓаат Аргентина, Тајланд и Малезија, а во календарот е додадена трка на 22 ноември на патека која дополнително ќе биде објавена но ќе биде во Европа.

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин и на втората трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Сезоната во брзински мотоциклизам требаше веќе да биде во полн ек, но заради пандемијата со вирусот исто како и во Светски рамки и локалните шампионати беа одложени. Разговараме со Хрситијан Бузалковски за актуелната состојба и неговите размислувања за претстојната сезона.

Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти. Ако пак сакате подолга авантура, тогаш Africa Twin Adventure Sports ES моделите се одлична опција за вас со оглед на тоа дека имаат дополнителна опрема, електронски контролирана суспензија, прилагодливо ветробранско стакло, поголем резервоар за гориво и уште неколку други додатоци.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.