После неодамнешната забрана девојките да се појавуваат на Формула 1 патеките, многумина сметаат дека истиот пример треба да го следи и MotoGP. За среќа, добар дел не се сложуваат со ваквото мислење.

Минатата недела Формула 1 објави дека девојки повеќе нема да се појавуваат пред стартот на секоја трка. Девојки на патеката, девојки со чадор, девојки во гаражите, наречете ги како сакате, оваа практика се состоеше од тоа млади, атрактивни девојки да стојат покрај возачите и со чадори да ги штитат од сонцето. Со оглед на тоа дека Формула 1 веќе донесе забрана за оваа пракса, сега има дебата дали и останатите спортови треба да го следат нејзиниот пример.

IMGP8226

Тоа за прв пат почна на 24 часа Ле Ман кога снабдувачот со крема за заштита од сонце, “Hawaiian Tropic“ на патеката донесе девојки облечени во бикини. Оттогаш па се до денес, тие беа составен дел од секоја трка. Но сега, многумина се прашуваат дали девојките прават повеќе штета отколку добро. Формула 1, која е во сопственост на „Liberty Media“ на 31. јануари издаде соопштение во кое ги објасннува причините за ваквата одлука.

„Во текот на изминатата година детално ги разгледавме деловите каде што сметаме дека е потребно подобрување со цел тие да бидат изедначени со нашата визија за овој одличен спорт,“ изјави Шон Брачес,  директор за комерцијални операции во Формула 1. „Иако практиката девојки да се појавуваат на патеките трае веќе неколку децении, ние сметаме дека тоа не е во согласност со вредностите на нашиот бренд како и со денешните норми во општеството. Не верувавме дека ваквата пракса е соодветна ниту пак важна за Формула 1 и нејзините фанови.“

IMGP7971

Ние побаравме мислење од неколку девојки и влијателни луѓе кои се дел од мотоспортот. Еве што имаат тие да кажат на оваа тема.

Лорен Џејд Поуп (Една од девојките кои долги години е на патеката)

Ова го правам веќе осум години и сметам дека ние треба да одлучиме каква работа сакаме да имаме, без разлика на тоа дали ќе бидам на патеката, хостеса или пак нешто трето. Она што најмногу ми пречи е што оние таканаречени феминистки не се вистински феминистки. Тие „не бранат“ без да го слушнат нашето мислење и поради нив ние останавме без работа. Осум години го работам ова и никогаш не сум имала никаков проблем.  Никој не не тера да го правиме ова, тоа е наш избор.

Мелиса Парис (Тркачка)

Ова не е најдобар начин да го рекламирате вашиот производ но сигурно дека привлекува внимание. Воопшто не ми пречи она што го работат бидејќи сметам дека ако некоја девојка сака тоа да го прави, тогаш тоа е нејзина работа. Сите имаме различни професии. За мене е подобро да ми судат за тоа каква сум на тркачката патека отколку да стојам по крај.

Емили Макбет (Новинарка од Велика Британија)

Ова е 21-ви век и целата идеја за тоа девојките да шетаат по патеката мислам дека е застарена. Ако на твојата компанија и се потребни убави девојки за да ти го продадат производот, тогаш мислам дека треба да размислиш уште еднаш околу тоа што продаваш. Мислам дека е погрешно, исто како и секој друг спорт кој ја користи сексуалноста за да се промовира.

Дафне Фигероа (Професорка по Хемија и фан на трките)

Ова е важна дискусија и не треба да се занемари. Се надевам дека жените ќе бидат охрабрени да станат дел од мотоспорот на начин на кој нив најмногу им одговара. Мислам дека не треба да биде „земи или остави“ туку треба да има еднакви можности како за мажите така и за жените да станат дел од овој спорт.

Ники Лауда (Поранешен шампион во Формула 1)

Ова е одлука на штета на жените. Мажите донесоа одлука без да се консултираат со нив. Ова нема да и направи никаква услуга на Формула 1. Девојките отсекогаш биле дел од натпреварувањето и тоа треба да продолжи и во иднина. Тоа им се допаѓа на возачите, на фановите и никој нема проблем со тоа.

Само времето ќе покаже како ваквата одлука ќе влијае на MotoGP  и WSBK.

IMGP7606

Back To Top